МАГАЗИН

Џорџ Клуни има одличен совет за жените со „вишок килограми“

Мажите како Џорџ Клуни се толку ретки што скоро секоја негова реченица може да се стави во книги за бонтон, рече актерката Џулија Вилан која играше со Клуни во култната серија „Итна служба“.

Таа раскажа прекрасно искуство со Клуни, кој ја поддржал кога била критикувана за нејзиниот изглед.

„Почнувавме со снимање, последните подготовки беа во тек, а потоа еден од продуцентите ми рече дека треба да ослабам затоа што имам неколку вишок килограми. Веднаш после тоа,Џорџ дојде до мене и ме праша ‘дали им реков да се одј*бат’. Тогаш се вљубив во него. Кога и да ми беше кажано за време на мојата кариера дека морам да ослабам, го слушав дека неговиот глас како ми вели: „Кажи им да одј*бат“. Стандардите на Холивуд за женското тело се брутални и тој секогаш разбираше колку тоа влијае на нас жените, и сакаше да нè поддржи“, откри Вилан.

Поврзани вести

Џокер му го украл танцот на Чендлер од „Пријатели“

Лесни салати, одлични за вечера

Ријана ја разгори машката фантазија со новата фотографија

Александар Петровски

Батлерот на принцезата Дијана откри нејзино тајно писмо

Аријана Гранде стана жената со најмногу следбеници на Инстаграм (фото)

Никола Поповски

Пенелопе Круз и Виона Рајдер во одбрана на Џони Деп