Забава МАГАЗИН

Џорџо Армани отворено за модната индустрија и манекенките

Дизајнерот Џорџо Армани се најде во средиштето на скандалот поради споредбата на начинот на кои дизајнерите ги третираат жените со силување. Армани разговараше со новинарите во петокот, за време на презентирањето на својата Емпорио Армани линија на Модната недела во Милано.

Тогаш тој рекол дека се наоѓа во момент кога може да го каже она што го мисли, пред да ја изјави спорната аналогија.

„Толку многу се зборува за силување на жени, но нив денеска редовно ги „силуваат“ дизајнерите“, рекол Џорџо.

„Размислувам во одредени реклами во кои жените се прикажуваат на провокативен начин, полуголи и многу жени чувствуваат притисок дека мораат така да изгледаат. Тоа за мене е силување. Незгодно е“, додал.

Армани во својата изјава додал: „Велиме дека жените се силувани на секој чекор. Дизајнерите продолжуваат да ги силуваат жените“.

Кога го прашале да ја објасни својата изјава, италијанскиот дизајнер рекол: „Жената може да биде силувана на различни начини. Да ја фрлете по скали или да ѝ сугерирате што да облече на одреден начин: за мене тоа е силување на жена“.

Коментарите на Армани наишле на многу критики на социјалните мрежи, а една личност неговите споредби на модниот свет и силувањето ги нарекла „бесмислени и опасни“.

„Искористувањето на жените во модни цели не е нова појава, далеку од тоа. Мислам дека Армани секогаш се обидувал да покаже почин кон жените во својата работа“, напишала една новинарка на својот Твитер.

„Зборот силување значи многу работи, на било кој јазик“, додала.

„Ова е, буквално, зло. Навредливо е да го фрла така наоколу“, бил коментар на уште една личност.

Во изјава за The Independent, Армани рекол дека тој „може да разбере како денеска неговите коментари можат да изгледаат како силни изјави“.

„Кога би можел да се вратам и да користам друг збор за тоа како би се изразил дека сите ние, дизајнерите, сме должни да ги почитуваме жените за кои дизајнираме облека, би го направил тоа“, рекол Армани.

„Го искористив овој термин, провокативно, за да направам мрдање и да го насочам вниманието на она што верувам дека е многу важно и блиску до моето срце“, додал дизајнерот.

Џорџо уште еднаш додал дека верува дека ќе измисли нов тип на феминизам кој е рамнотежа меѓу строгоста и сензуалноста.

Тој објаснил и во тоа дека верува дека жената мора да има избор да избере како ќе се облече според нејзиниот менталитет и карактер, а истовремено да ги земе предвид својот физички изглед и своите години, избегнувајќи го потсмевањето.

„Верувам дека одредени стилски приказни, не бараат многу почит кон жените. Признавам дека понекогаш и јас, како дизајнер, сум виновен за тоа, но тоа е грешка за која немам намера да ја повторам“, заклучил Армани.

Поврзани вести

Шон Конери помина 45 години со иста жена

Влатко Зорба

Попладне ако чувствувате како да сте на крај со силите, направете го ова

user2

Злопамтила: На кои хороскопски знаци никогаш не треба да им го вртите грбот

Карлеуша со ново провокативно издание: Тесниот фустан ѝ ги оцртува бујните гради (фото)

Додека го потенцира семејниот момент, сите очи се насочени кон задникот на Џорџина (ФОТО)

Влатко Зорба

Збогување на Харисон Форд со драг пријател

Stefanija Kuzmanovska