Забава МАГАЗИН

Доаѓа Ерата на високата република, приказна 200 години постара од „Војна на ѕвездите“

Дизни најавија дека се работи на големо прозно дело со наслов „Војна на ѕвездите: Висока република“, со дејство сместено 200 години пред филмската франшиза.

Оваа приказна ќе излезе во неколку книжевни продолженија и стрипови. Креативниот директор на Лукасфилм, Мајкл Сиглан, изјавил дека се работи за златно време, време на мир и просперитет, кога џедаите биле чувари на галаксијата, челници на мирот и праведници.

Прва од книгите е „Светлоста на џедаите“, која ќе ги прикаже нив во сосема поинакво светло од она на кое досега сме навикнати. Се очекува да биде објавена на 25 август 2020 година.

За работата на книгите е ангажиран Ијан Мекег, кој го смислил ликот на Дарт Мол од приквел-трилогијата, за да направи нацрт на негативецот со име Нихил.

Креативните тимови на Дизни и Лукасфилм ветуваат неповторливо искуство за сите обожаватели на оваа сага.

Поврзани вести

Овие хороскопски знаци се најдобрите работници

Stefanija Kuzmanovska

Шајло повеќе сака да биде со татко ѝ за време на пандемијата

ВИДЕО: Со „Мир Божји“ и истрели од пиштол стара Србинка честиташе Божик

Северина: Да не ги осудуваме заразените со корона

Влатко Зорба

Фелисити Хафман излезе порано од затвор

user2

Три хороскопски знаци кои се создадени за авантуристичка врска

Кристина Денесовска