МАГАЗИН СВЕТ

Доделени Нобеловите награди за литература и за 2018 и 2019

Оваа година Шведската академија додели две Нобелови награди за литература и тоа за 2018, која ѝ припадна на Олга Токачук и за 2019, која ја доби Петер Хандке.

Минатогодишното прогласување на победникот беше одложено поради скандал со сексуална злоупотреба, па Академијата одлучи дека наградата за 2018 ќе биде доделена заедно со онаа за 2019.

Во 2018 изби сексуален скандал непосредно пред доделувањето, кога сопругот на една членка на Шведската академија, Катарина Фростен, беше обвинет дека сексуално нападнал повеќе жени. Потоа Фростен поднесе оставка во Академијата, заедно со неа тоа го направиле уште пет членови.

Нејзин сопруг е фотографот Жан Клод Арно, а во текот на истрагата било откриено дека токму преку него се пренесувале детали од доделувањето на наградите, иако сето тоа треба да се одвива во тајност, до денот на самото доделување.

Со оставката на Фростен и останатите пет членови, Академијата верува дека успеала да го врати својот углед. Директорот Ларс Хајкенштен смета дека репутацијата на Шведската академија е особено важна и дека скандали не смеат да се случуваат.

Победниците добија по 9 милиони шведски круни за својот придонес во светската литература, медал и диплома.

Поврзани вести

Ефикасен лек за проблеми со дишните органи

Кристина Денесовска

Полни плажи во околината на Задар (ВИДЕО)

Германија: За сузбивање на коронавирусот се воведува „забрана на контакти“ место забрана за движење

Пет показатели дека сте натпросечно интелигентна личност

user2

Пред исборите во 2020 САД ќе ги зголемат безбедносните мерки

Влатко Зорба

Кина пријави 49 нови случаи на коронавирус