Дом и дизајн МАГАЗИН

Како изгледа најскапата хотелска соба? (ВИДЕО)

Palm Casino Resort е хотел со 10 ресторани, но и најскапа соба во светот, каде едно ноќевање по човек чини дури 100.000 долари. Оваа соба е круната на овој луксузен комплекс.

Наречена е Empathy Suite, дизајнирана од уметникот Дамијен Хирст. Инаку, оваа луксузна просторија ја надмина Royal Penthouse Suite, која се наоѓа во Женевскиот хотел President Wilson Hotel, а цената за ноќевање е 80.000 долари.

Resort Palm Casino Resort се наоѓа во Лас Вегас, и има уште 1.200 соби во три кули, а покрај бројните ресторани, има и концертна сала и секако казино.

Преуредувањето на хотелот чинеше околу 690 милиони евра.

Цените на другите простории, се движат од 25.000 до 50.000 долари за ноќ. По најавување на рецепцијата, гостите добиваат 24-часовна услуга од батлер.

Секој агол е дизајниран детално, а бањите се издвојуваат со посебен луксуз.

Пред најновото реновирање, просторијата се викаше Hugh Hefner Suite и беше на 5-то место на најскапите соби во светот. Тогаш, една ноќ во овој луксуз чинеше 40.000 долари. Можат да се сместат најмногу 52 лица и опфаќа околу 800 м2.

Една од главните атракции е барот со 13 бар-столици, што ве тера да се чувствувате како да сте во приватен клуб, а погледот на градот е магичен, особено во текот на ноќта. На терасата, се разбира, има ниски маси со фотелји, како и базен, а додека пливате во него – гледате директно на булеварот Лас Вегас.

Поврзани вести

Џанлука Ваки и неговата 27 години помлада девојка го открија полот на бебето (ВИДЕО)

Stefanija Kuzmanovska

7 најздрави зачини кои задолжително треба да ги користите

Елена Даскалова

Оскаровската торба со подароци најскапа досега

Елена Даскалова

Кои видови храна содржат најмногу пробиотици?

Елена Даскалова

Кралицата на прв официјален настан после „мегзит“ (ФОТО)

Елена Даскалова

Само три бои се доволни за празнична декорација во домот

Елена Даскалова