Здравје и Храна МАГАЗИН

Домашен лек за смирување на надразнетото грло (РЕЦЕПТ)

Ако имате постојан проблем со суво грло, кое пак ви предизвикува кашлица, една природна состојка ќе ви помогне за кратко време да се ослободите од овој проблем.

Се работи за ловоровиот сируп, кој важи за едно од најефикасните средства за смирување на надразнето грло и има антивоспалителни и антисептички својства. Во исто време, ги прочистува дишните патишта и го олеснува дишењето.

Од него можете да направите ефикасен сируп кој ќе ви биде корисен во периодот на настинки и променливо здравје.

Состојки:

6 суви листови ловор
Еден лимон
3 лажици мед (може и 5 лажици јаворов сируп или 3 лажици агаве )
300 мл вода

Подготовка:

Водата ставете ја да проврие. Додадете го ловорот и оставете да се варат заедно пет минути во покриен сад. По пет минути извадете ги листовите. Додадете ги медот и лимонот и откако целосно ќе се излади течноста, соберете ја во тегла или стаклено шише. Пијте по трипати на ден, а може да земете и во моментот кога имате напад на кашлица.

Поврзани вести

Посна пита со праз и компир (РЕЦЕПТ)

Елена Даскалова

Српската група Хјурикејн преку новата песна пратија силна порака

Кристина Денесовска

Месечен хороскоп – еве што ве чека за време на владеењето на Стрелецот!

Берта Китинска

Андријана Станковска: Техниките за шминкање се учат, креативноста е тоа што те прави подобар од другите

Елена Даскалова

Аки Рахимовски стана татко

Кристина Денесовска

Интересни факти за 29 февруари