Забава МАГАЗИН

Донатела Версаче донираше 200.000 евра за борба против коронавирусот

Донатела Версаче и нејзината ќерка Алегра на миланската болница San Raffaele ѝ донирале 200.000 евра за да придонесат во борба против коронавирусот.

Креативната директорка на модната куќа Версаче, Донатела (67) и нејзината ќерка Алегра (33) парите ги донираат на Одделот за интезивна нега, кој помага на голем број од пациентите кои се лекуваат од коронавирусот.

„Во вакви моменти важни се заедништвото и потпората. Но потребно е да им се помогне и сите оние кои се на првата борбена линија на болеста и секојдневно се трудат да спасат стотини животи“, рекла модната дизајнерка, а пренесува Harper’s Bazaar.

View this post on Instagram

❤️🇮🇹

A post shared by Donatella Versace (@donatella_versace) on

„Поради тоа јас и Алегра одлучивме да донираме пари на Одделот за интезивна нега на болницата Сан Рафаеле во Милано. Нашите срца и мисли се со сите богодени од болеста, со сите доктори и медицински персонал кои последниве недели непрекинато и несебично работат, настојувајќи да направат што е можно повеќе за нашите најмили.

Ова е време во кое како општество мораме да бидеме обединети и да се грижиме едни за други“, напишала Донатела.

Италија е втора најпогодена земја од пандемијата со коронавирусто, веднаш зад Кина. Ширењето на болеста за сега не покажува знаци за успорување.

Поврзани вести

Позната ММА борачка се фотографираше гола, Инстаграм го избриша нејзиниот пост

Влатко Зорба

Дали семејството Кардашијан ќе го преживее последниот скандал?

Влатко Зорба

Две години по предозирањето: Деми Ловато „ослободена“ од пороци

Влатко Зорба

Празниците нема да бидат радосни за некои од хороскопските знаци

Кристина Денесовска

Антониа Гиговска во секси издание: Во бикини порача дека не се срами од своето тело (ФОТО)

Рецептот за успех на Ричард Гир: Актерот ја откри својата тајна

Влатко Зорба