Забава МАГАЗИН

Џејн Фонда повторно уапсена на протест

Порано овој месец Џејн Фонда веќе еднаш беше уапсена за време на протестот против климатските промени пред Конгресот во Вашингтон.

Вчера повторно беше уапсена, што е вкупно третпат откако се почнати овие протести. Таа била инспирирана од движењето на Грета Тунберг и решила да се приклучи на глобалните протести против климатските промени.

Но, обожавателите на Фонда сметаат дека таа залудно се бори и дека ништо нема да се промени. Актерката пак, изјавила дека планира да ја апсат секој петок, за да ја натера владата да биде делотворна во борбата против климатските промени.

Фонда веќе е приклучена во неколку глобални здруженија кои се борат против климатските промени. Таа сепак смета дека нема ништо залудно во нејзините обиди да донесе значајни промени во светот и општеството.

Поврзани вести

Како изгледа станот во кој е роден Че Гевара? (ВИДЕО)

Осаменоста му штети на здравјето повеќе и од пороците

user2

Режисерот на Паразит ја насмеа екипата со она што го направи со четирите Оскари

Кристина Денесовска

Меган и Хари веќе нема да даваат изјави за 4 англиски таблоиди

Влатко Зорба

Бритни Спирс им врати на оние кои ја критикуваа

Откриена причината поради која Меган и Хари ја одложуваат преселбата во Лос Анџелес