Забава МАГАЗИН

Џемперот на Кобејн продаден за вртоглава цена

На познатиот анплагд-концерт во 1993 година, Курт Кобејн носеше џемпер кој на една аукција во Њујорк постигна вртоглава цена, а да бидат нештата поинтересни, некој веќе го купил.

Покојниот Кобејн, како што е познато, не го испрал овој џемпер откако го носел на концертот. На аукцијата е продаден по цена од речиси 300.000 долари, што го прави најскапо парче облека некогаш продадено на овој начин.

Курт Кобејн изврши самоубиство во 1994 година, во својата куќа во Сиетл. Она што засекогаш остана се бројните песни, албуми и секако, снимките од конкретниот концерт, кој важи за еден од најуспешните анплагд-настапи во музичката историја.

Поврзани вести

Каков миленик ви одговара според хороскопскиот знак

Викторија Бекам објави невообичаени слики со Дејвид

Зошто кафето не влијае никако врз некои луѓе?

user2

Бора Ѓорѓевиќ оди на лекување

Кристина Денесовска

Вилијам Болдвин со трогателна емотивна објава за болеста на синот

user2

Рис Витерспун го прослави роденденот во изолација