Забава МАГАЗИН

Џесика Симпсон на шест години станала жртва на сексуално малтретирање

Пејачката и дизајнерка Џесика Симпсон неколку дена пред излегувањето на нејзината автобиографија „Open Book“ откри некои трауми од својот живот.

Зеиска прозборела за тоа како во детството била малтретирана од семеен пријател. Исто така, открила и дека долго време се борела со депресијата која ја чекувала со таблети и алкохол.

– Се убивав со алкохол и таблети – рекла пејачката која престанала да пие во 2017 година.

Таа додала дека ѝ било лесно да се откаже од алкохолот бидејќи поради него станувала празна и безчувствителна. Џесика признала дека најтешко ѝ било натерапија каде морала да се присети на семејниот пријател кој ја малтретирал кога имала само шест години. На родителите не сакала да им признае бидејќи се чувствувала виновно.

– Малтретирањето започна кога имав шест години. Делев кревет со ќерката на семејниот пријател. Се започна со скокоткање на мојот грб, а потоа се случи нешто многу непријатно – рекла Симпсон.

Поврзани вести

Актерката Рита Вилсон раскажа за несаканите ефекти од лекот хлорокин

Хари добил нервен слом, откако Меган го принудила да го отфрли своето семејство?

Stefanija Kuzmanovska

Дуа Липа ќе го објави албумот порано

Зошто патувањето со јавен превоз нè прави лоши луѓе?

Влатко Зорба

Маска за трепките која ги прави погусти и подолги

Елена Даскалова

Синди Крафорд ја негира врската меѓу Каја и Пит Дејвидсон