Забава МАГАЗИН

Џим Кери ја раскина врската со Џинџер Гонзага

Комичарот и неговата колешка актерка ја започнаа врската додека ја снимаа серијата „Шегување“, каде глумеа љубовна двојка, но според нивни близок пријател пред еден месец тиe ја прекинале врската и за тоа не сакале да зборуваат јавно.
Џим и Џинџер и за почетокот на врската не зборуваа јавно. Tоа го откри неговиот портпарoл во јануари, а потоа за прв пат беа видени заедно на церемонијата номинации за „Златен глобус“.
Потоа во едно интервју Џим не престана да се фали со својата „прекрасна и нежна“ девојка, „неверојатно талентирана“ актерка.
Кери зад себе ги има браковите со актерките Мелиса Вормер и Лорен Холи, а откако неговата поранешна девојка Катриона Вајт почина како резултат на предозираност во 2015 година, немаше ниту една врска, сè до средбата со Џинџер.

Поврзани вести

Државата Калифорнија ги повика инфлуенсерите да помогнат во борба против вирусот

Лицата родени во овој хороскопски знак не се снаоѓаат во брак

Влатко Зорба

Водителка го исмејуваше Жоакин Феникс

2Be промовираа нова песна и спот „Врати се“ (ВИДЕО)

Елена Даскалова

Правилната температура во станот и она што го јадете ве чува од вирусот

Влатко Зорба

Зошто високото коњско опавче е проблематична фризура?

Елена Даскалова