Забава МАГАЗИН

Ед Ширан ќе прави пауза од музиката за да „поживее малку“

Ед Ширан најавува дека ќе ја започне својата добро заслужена пауза од музиката и социјалните мрежи, по турнејата за албумот „Divide“.

Објавата на Инстаграм ја насловил со „BRB“ (ќе се вратам) и напиша:

„Здраво на сите. Одам на уште една пауза. Оваа ера ми го смени животот на многу начини, но време е да излезам слободен и да го видам светот“, најави тој.

Ширан на обожавателите им објасни дека сака послободно да дише, да патува, да чита и да пишува. Заедно со паузата од музиката, ќе се повлече и од социјалните мрежи до, како што вели, моментот кога ќе одлучи да се врати, односно кога ќе почувствува дека дошол вистинскиот момент.

Оваа пауза доаѓа веднаш по неговото прогласување за британски артист на деценијата, кој од 2010 до 2019 имал 12 број 1 албуми и синглови, што е повеќе од кој било британски музичар во историјата.

View this post on Instagram

Brb x

A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos) on

Поврзани вести

Хороскоп: Кој не престанува да збори на телефон, а кој претпочита да „куцка“ пораки

Stefanija Kuzmanovska

На денешен ден роденден предводникот на генерацијата Икс – Курт Кобејн

Кристина Денесовска

Џорџина го шиша Роналдо (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Ријана купила респиратор за својот татко, имал коронавирус

Влатко Зорба

Недостигот од овие супстанции е причина за чести главоболки

user2

Мадона ги откажа концертите во склоп на турнејата „Мадам Иск“