Забава МАГАЗИН

Ед Ширан прогласен за уметник на деценијата во Велика Британија

Велика Британија го прогласи Ед Ширан за уметник на деценијата, според организацијата за топ-листи „Official Charts Company“.

Тој во изминатите 10 години се задржа на врвот на топ-листите повеќе од секој друг уметник. Дури 79 недели бил на првото место со албумот, а истото важи и за сингловите.

Најголемиот хит на 2010-тите беше „Shape Of You“ кој 14 недели беше на првото место на топ-листите и се продаде во повеќе од 4,5 милиони примероци.

Shape Of You е еден од трите синглови на Ширан на листата на петте најдобри на крајот на деценијатa. „Thinking Out Loud“ е на број три, додека „Perfect“ е на петтото место.

Поврзани вести

Јелена Ѓоковиќ: Мајчинството ме уништи (ВИДЕО)

Враќање во минатото: Вонбрачниот син на Шварценегер „копија“ на актерот

Влатко Зорба

Овие четири знаци во декември ги очекува среќа во љубовта

„НЕ БАБА“ – Анастасија откри како Цеца би сакала да ја нарекува нејзиниот внук

Stefanija Kuzmanovska

Мадона ги покани Меган и Хари да се преселат кај неа (ВИДЕО)

Елена Даскалова

Славни парови кои раскинаа во 2019 година

Кристина Денесовска