Здравје и Храна МАГАЗИН

Еден витамин може да го намали штетното дејство на загадениот воздух

Повеќе градови на Балканот се соочуваат со алармантно високи концентрации на ПМ10 и ПМ2.5 честички во воздухот и енормно загадување, кое е навистина штетно за човековото здравје.

Штетните влијанија на загадениот воздух се големи и предизвикуваат низа респираторни заболувања, загадување на крвта, таложење на ПМ2.5 честички во белодробните алвеоли и уште многу други. Затоа е и сосема очекувано прашањето дали постои некој витамин, суплемент или храна која може да го намали ова штетно дејство?

Повеќе клинички истражувања од последните неколку години покажале дека витамините од групата Б делумно ги ублажуваат негативните ефекти од загадениот воздух, особено суплементите кои содржат фолна киселина и витамини Б6 и Б12.

Благодарение на ова сознание, истражувањето продолжува во таа насока, за да може да се донесе заклучок колкава количина е потребна и колку често треба да се внесува витамин Б како додаток во исхрана.

Но, важно е да се напомене дека внесот на витамини и минерали не е решение за овој глобален проблем, кој е секојдневна закана за човештвото. Резултатите од истражувањето може само малку да помогнат во индивидуалната борба против штетните ефекти на загадувањето.

Поврзани вести

За што сè можете да го користите талогот од кафе?

Елена Даскалова

Три хороскопски знаци кои се најголеми материјалисти

Елена Даскалова

Хрватската национална телевизија контра Тони Цетински: Воопшто не ги поддржуваме ставовите на пејачот против вакцинирањето

Никола Поповски

Џамбазов во улога на наставник: Утринска граматика (видео)

Никола Поповски

Памела Андерсон се разведува по 12 дена брак

Овие три хороскопски знаци секогаш изневеруваат

user2