Забава МАГАЗИН

Енрике и Курникова го очекуваат третото дете

Пејачот Енрике Иглесијас го очекува третото дете со долгогодишната партнерка и поранешна тенисерка Ана Курникова, пишуваат странските медиуми.

Парот засега не ја потврди сречна вест, но фотографиите објавени во шпанскиот магазин Hola! го прикажуваат парот на брод во Мајами, каде може да се забележи дека Ана е во поодмината бременост. Чувањето на бременоста во тајност и далеку од очите на јавноста за овој пар не е никаква новост, со оглед на тоа дека вестите дека чекаат близнаци, сега двегодишните Луси и Николас, ги криеја се до моментот кога се родија во 2017 година.

Се шушкаше за тоа како близнаците биле родени од сурогат мајка, но Ана тоа го демантираше со фотографија на која позира со труднички стомак.

Зборувајќи за својата нова улога на татко, Енрике своевремено открил дека се надева дека е добар татко и рекол дека сега е многу поодговорен него што бил некогаш.

– Тоа е едно од најубавите чувства на светот. Одговорен сум, возам поспоро. Размилсувам за глупите работи, пред да ги направам – рекол пејачот.

View this post on Instagram

#tbt #37weeks ☀️☀️

A post shared by Anna Kournikova Iglesias (@annakournikova) on

Енрике ретко зборува за љубовта со Ана. Врската ја започнале во 2001 година, откако се запознале за време на снимањето на неговиот хит „Escape“.

– Секоја врска минува низ добри и лоши периоди. Тешко ми е да поверувам дека постои совршена врска, мислам дека такво нешто не псотои. Ана е одлична девојка. Ме разбира, знае кој сум и е подготвена да се жртвува за мене, поради тоа неизмерно ја почитувам – рекол Иглесијас во една од ретките изјави за својата партнерка и нивната врска.

– Дали сме заедно или не, Ана би била идеална мајка. Сигурен сум во тоа – рекол пејачот во една прилика.

View this post on Instagram

#happynewyear #сновымгодом 🎈

A post shared by Anna Kournikova Iglesias (@annakournikova) on

Иглесијас додал дека врската со Курникова му е единствената сериозна во целиот негов живот.

Поврзани вести

Се породи Џиџи Хадид, објавени првите фотографии од бебето

Stefanija Kuzmanovska

Анистон: Никогаш нема да се ослободите од „Пријателите“

Влатко Зорба

Десет лекции кои ги научивме од Жаклин Кенеди

Stefanija Kuzmanovska

Пејџ ја продолжи серијата: Повторно како од мајка родена (ФОТО)

Влатко Зорба

Северина: синот ми го малтретираат физички и психички

user2

Тајната на трите прстени што ги носи Кејт Мидлтон: Колку вредат и зошто ги носи

Stefanija Kuzmanovska