Забава МАГАЗИН

Фелисити Хафман излезе порано од затвор

Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ излезе од затвор откако отслужи 11 од предвидените 14 денови, откако призна дека учествувала во измама со државните тестови за прием на колеџ на нејзината ќерка.

Таа е првата од 30-те родители кои биле вмешани во оваа измама, а е осудена за своето дело. Хафман платила најмалку 15.000 долари на измамничка група која ветувала подобри резултати на испитите САТ.

Хафман е ослободена бидејќи полицијата дозволува затвореникот да излезе пред предвидениот датум, ако се паѓа во сабота, недела или празник, освен ако не е предвидено останување до крај поради специјален полициски надзор.

Актерката во писмо до судот се извинила на државата и на засегнатите, бидејќи се обидела да го измами образовниот систем, наведувајќи дека се срами за своето дело.

Поврзани вести

Овој моден тренд од деведесетите повторно се враќа

Орландо Блум во солзи откако потрагата по неговото куче заврши трагично (ВИДЕО)

Stefanija Kuzmanovska

Шон Мендез ја посвети новата тетоважа на својата сестра

Stefanija Kuzmanovska

Нервозната насмевка на принцот Вилијам на шегите за кралското семејство

Кортни Кокс и Џенифер Анистон како близначки

Кристина Денесовска

Може ли Расел Кроу да ги оживее кината (ВИДЕО)

Влатко Зорба