Забава МАГАЗИН

Фенди дизајнира заштитна маска

Луксузниот бренд Фенди произведе заштитна маска со своето лого, која се продава по цена од околу 190 евра.

Луксузната маска на италијатската страница Luisa Via Roma е моментално распродадена, што ја доловува паниката која моментално владее во Италија поради коронавирусот. Црно-кафената маска е направена од свила и е дел од колекцијата пролет/лето 2020.

Во Италија од коронавирусот засега починале петмина. Делови од северот на земјата поради тоа се во блокада, а единаесет градови се во своевидна изолација. Како што јавуваат тамошните медиуми, во тие градови се изолирани вкупно 50 илјади луѓе. Познатата катедрала Дуомо во Милано е затворена, а оваа недела таму ќе бидат затворени и училиштата. Прекинат е карневалот во Венеција, а во тој град затворено е и лизгалиштето Ла фениси базиликата Свети Марко.

Поврзани вести

Екипата на „Медена земја“ подготвена за Оскарите

Елена Даскалова

Бријаторе има 49 години помлада девојка (ФОТО)

Елена Даскалова

Ќерката на популарниот актер ја сподели својата тешка животна приказна

user2

Канје се најде на удар на критики поради доручекот на неговата миса

Како да подготвите хумус

Кристина Денесовска

Мила Јовович: Дедо ми се бореше во редовите на југословенските партизани