Забава МАГАЗИН

Филмови чии премиери се откажани или одложени поради пандемијата

Како што пандемијата со коронавирусот продолжува да се шири ширум светот, Холивуд беше приморан да ги откаже или одложи реализирањата на некои од најочекуваните филмови, пишува People.

 

И додека некои филмови се поместени од кино салите во дигитални изданија, повеќето филмови се или одложени за друг датум или на неодредено време.

Последниот дел од серијалот за Џејмс Бонд, е главниот блокбастер кој ја откажа својата реализација, додека долгоочекуваниот филм за суперхеројот Wonder Woman, последно објави дека неговото прикажување се откажува.

Wonder Woman 1984

Последниот филм кој ја премести својата премиера е фикцијата на куќата Warner Bros, која требаше да биде прикажана на 5 јуни. ФИлмот е одложен за два месеци, па ќе биде прикажан на 14 август.

No Time To Die

Ова е првиот филм кој ја откажа премиерата поради коронавирусот. Требаше да биде прикажан на 10 април, но сега ќе биде прикажан на 25 ноември.

Mulan

Обожавателите кои се радуваа на гледањето на Дизни филмот Мулан, сега ќе мора да причекаат. Филмот требаше да биде прикажан на 27 март, но премиерата е одложена на неопределено време.

A Quiet Place 2

Долгоочекуваното продолжение на трилерот од 2018 година, е откажан овој месец и се уште се чека за објавување на новиот датум.

Minions: The Rise of Gru

Продолжението на Мињоните е одложено на неопределено време. Првобитно требаше да биде прикажан на 2 јули, но тоа дефинитивно нема да се случи сега.

Pitter Rabbit2: The Runaway

Продолжението на филмот за зајакот Питер го премести датумот на својата премиера од 3 април на седми август.

Fast and Furious 9

Долгоочекуваниот и деветти дел од франжизата Брзи и бесни е одложен за дури наредната година. Првобитно требаше да биде прикажан на 23 мај 2020 година, а сега ќе биде претставен во 2021 година.

Scoob

Иако целата екипа е тука, ќе мора да причекаат некое друго време за да ги откријат своите непријатели. Овој анимиран филм е одложен на неопределено време, а требаше да биде прикажан на 15 јули.

The Personal History of David Copperfield

Овој филм на Дев Пател е одложен за во иднина, а премиерата требаше да се одржи на осми јули оваа година.

The New Mutants

По бројните одложувања поради пандемијата, филмот кој требаше да биде вовед во серијата филмови Икс мен, овој пат дефинитивно ја одложи својата премиера која требаше да се одржи на трети април. Сега премиерата е одложена на неопределено.

Lovebirds

Кинопремиерата на оваа романтична комедија според распоредот требаше да биде на трети април. Сепак, филмот ќе биде прикажан на Нетфликс, а новиот датум се уште не е познат.

Trolls World Tour

Обожавателите на неодоливата франжиза за тролови, сега ќе мораат да го гледаат, новиот дел, од удобноста на своите домови. Филмот ќе биде достапен на on Demand од 10 април.

Run

Сара Паулсон се врача на екраните со трилерот за мајка која претерано се грижи, а премиерата е одложена на неопределено.

Spiral

Деветото продолжение на франжизата Сложувалка требаше да биде прокажано на 15 мај, но е одложено, но новиот датум не е познат.

In The Heights

Мјузиклот кој е втемелен на истоимената сценска продукција, е одложен. Новиот датум не е познат.

The Woman in the Window

Мистериозниот трилер во кој глуми Ејми Адамс требаше да биде прикажан во кината на 15 мај, но е одложен. Неговиот нов датум исто така не е познат.

Поврзани вести

Ризото со тиква

user2

Боите на есента во вашиот дом

Влатко Зорба

Алина Јакупова е идната Џиџи Хадид

user2

Бремената Ешли се разголе: Се обидувам да го сакам своето тело

user2

Новата девојка на Бруклин Бекам е „плукната“ Викторија (ФОТО)

user2

Малтретираното момче од Австралија има постара сестра која е ативистка и манекенка

Кристина Денесовска