Забава МАГАЗИН

Форбс ги избра 20 најдобри дестинации за 2020 година

Форбс Травел Гајд, светски познатиот водич за патување и рецензии на хотели и ресторани, направи листа од топ 20 светски дестинации за 2020 година.

На првото место е Лас Вегас. Поради своите нови луксузни хотели и ресторани ја одбрани титулата градот на светлината. Тука е и новиот обновен голф терен со четири ѕведи Wynn Las Vegas и новиот меѓународен ресторан Smoke. NFL го најави и преместувањето на Рејндерс на новиот стадион Allegiant во мај.

View this post on Instagram

Paris by night ✨#ForeverInParis 📷 @_andrewtran

A post shared by Paris Vegas (@parisvegas) on

На второ место е израелскиот град Тел Авив. Во овој живописен гран на плажа, Медитеранот се сретнува со богатата историја и модерен живот. Можете да го посетите и музејот Liebling Haus – White City Center.

Третото место го зазеде кинеската посебна регија Макао која на 20 декември обележува 20 години под знамето на Кина. Макао го утврди својот идентитет како дестинација со богата култура, луксузни хотели, ресторани од светска класа и раскошни казина. Но, сака да се одвои и да намами повеќе меѓународни посетители. Новиот мост го олеснува патувањето меѓу градовите.

На листата е и Нешвил, главниот град на американската држава Тенеси. Градот живнал со нови луксузни хотели, но и со отварањето на новиот Национален музеј на афроамериканска музика. Тука се и Британските Девствени Острови како егзотичен дар на Карибите. Богати се со нови луксузни ресорти па таа дестинација се најде на петтото место особено, бидејќи подрачјето се издигна по ураганот Ирма кој ја упостоши цела регија.

Шестото место го зазедоа јапонските Хаваи, островот Окинава. Сонце, плажа,сино небо… По него следат Дубаи кој е познат по својот луксуз, а 2020 година ќе биде домаќин на светската изложба „Expo 2020 “. На истата листа се разбира е и Токио, кој ќе биде домаќин на Летните олимписки игри во 2020 година.

На листата се најде и Единбург во Шкотск како и Сономa, градот на виното во Калифорнија. Секако, нагласени беа и Ријад, главниот град на Саудиска Арабија кој прв пат нуди туристички врски. Следи Рим, па Кохлер, мал гран во САД, Монтреј во Калифорнија, Банкок, Сан Мигел де Аленде во Мексико, Јамајка, Малдиви, Санкт Петерсбург и Кеј Таум, пишува Форбс.

Поврзани вести

Овие 5 нешта никогаш не смеат да се најдат на вашето лице

user2

Посна пита со праз и компир (РЕЦЕПТ)

Елена Даскалова

Армани донираше за италијанските болници во време на коронавирус

Кендал Џенер со нов изглед

Кристина Денесовска

Холивудски парови кои добиле деца преку сурогат мајка

Фруктозата можеби е поопасна од глукозата

user2