Забава МАГАЗИН

Грандиозно појавување на црвениот тепих

Британската актерка, Хелен Мирен, на црвениот тепих по повод премиерата на новата серија „Катарина Велика“ се појави во грандиозен стил кој долго ќе се памети. Имено наместо да прошета по црвениот тепих, таа беше донесена од четворица мажи во носилка која асоцира на 18век. Облечени во костими, сериозни, изгледаше како совршен филмски кадар пренесен во реалноста. Хелен седеше во фотеља од сино кадифе, со огромен дијамантски гердан на вратот и победнички израз на лицето. А кога ја спуштија носилката, мажите од придружбата ѝ отворија врата и ѝ помогнаа на актерката да излезе и да се поздрави со публиката.

Историската серија чија европска премиера е закажана за 21 октомври, раскажува за Катарина II, руската царица од 1762 до 1796та година. Серијата во четири продолженија го прикажува последниот период од нејзиното владеење, кога почнала бурна врска со војсководецот Григориј Потемкин, кого го игра Џејсон Кларк.
– Додека бев мала мечтаев за слобода, кинење на ланците, но како старееш твоите избори се сè помали. Затоа наместо тоа создадов царство и точно знаев што правам. Нема својот трон да го делам со никого – вели Катарина во трејлерот од серијата.
Во средиштето на скандали, интриги и колосален судир, ова е приказна за една опсесивна љубов. Во неможност да се венчаат јавно и прочуени по својот блудничав живот, развиле единствен и близок однос, победувајќи ги непријателите и формирајќи Русија каква ја знаеме денес.
Хелен Мирен наводно сама дала идеја за снимање на серијата и веќе доби пофалби за глумењето на немилосрдната владетелка.

Поврзани вести

Дип Парпл објавија нови песна и спот (ВИДЕО)

Совршената салата за секоја трпеза

Какви мејкап трендови нè чекаат во 2020-та?

Елена Даскалова

Џастин Бибер издаде нов албум, по петгодишна пауза

Кристина Денесовска

Џејсон Момоа како Ози Озборн (ВИДЕО)

Елена Даскалова

Халзи се разголе за новиот спот (ВИДЕО)

Елена Даскалова