Здравје и Храна МАГАЗИН

Грешки кои ги правите при пржење месо во тавче

За вкусно пилешко или кременадла потребна ни е рерна, но само доколку се придржуваме до советите на врвните готвачи.

Готвачите советуваат парчето месо да го сушите на хартија пред печењето или да го оставите неколку часа во фрижидер да не биде влажно.

Добро посолете го најмалку 45 минути пред печењето.

Го одмрзнувате месото на погрешен начин

Најдобриот начин за одмрзнување месо е во фрижидер.

Извадете го од замрзнувач, ставете го во солена вода во тенџере и ставете го во фрижидер. На тој начин го смалувате ризикот од зараза, а и местото нема да се зготви на површината, како што е случај кога го одмрзнуваме во микро.

Ставате ладно месо во тавчето

Доколку го ставиме местото од фрижидер дирекно на тавчето, резултатот лесно може да не разочара.

Оставете го најмалку 15 минути на собна температура, но не повеќе од еден час надвор од фрижидерот. Резултатот ќе биде сочно месо.

Нетрпеливо го додавате месото во тавчето

Доколку недоволно сте го загреале тавчето, месото ќе ви се залепи на дното, а целата сочност ќе исчезне.

Готвачите советуваат најпрво да ставите малку масло кое добро ќе ја зачува топлината.

Загрејте го тавчето и ставете го месото пред маслото да почне да се вжештува.

Доколку печете месо кое има кожа само на едната страна, гледајте таа страна да има предност на тавчето.

Пребрзо ги превртувате парчињата месо

Месото е подготвено за превртување кога ќе престане да се лепи за површината на тавчето. Тоа може лесно да го проверите така што ќе го поткренете едниот раб на месото – доколку има златно-кафена боја и не се лепи, тогаш можете да го свртите на другата страна. Само на тој начин ќе добиете фина, крцкава кора.

Премногу го зголемувате или намалувате огнот

Најдобро би било огнот да биде силен на почетокот, додека месото не се запече, а потоа намалете на средна температура.

Немојте да се оддалечувате од кујната додека се пече, но не треба ни постојано да го боцкате месото, да го вртите или да го поместувате бидејќи нема да биде вкусно.

Кога месото ќе биде готово, исклучете го огнот и тргнете го тавчето од ринглата за да не се исуши.

Поврзани вести

Како витаминот Д влијае врз болните од рак?

Елена Даскалова

Руски научник: Најголемиот стрес во изолација е неизвесноста кога ќе заврши

Влатко Зорба

Дали принцот Ендру е вмешан во сексуалната трговија на Џефри Епштајн: Американското министерство за правда го бара за сведок

Познатата актерка за првпат по две години излезе во јавност, го уништила изгледот со пластични операции

Stefanija Kuzmanovska

Со голи раце зграпчи ајкула за да ја спаси (ВИДЕО)

По шокантниот документарец, нови потреси во британското кралско семејство: Хари и Меган се селат во Америка

user2