Забава МАГАЗИН

Групата Нокаут е победник на Макфест (видео)

Синоќа се одржа натпреварувачкиот дел од 35-тото јубилејно издание на Макфест под ведро небо, на градскиот плоштад во Штип, во одлична атмосфера.

Победничка песна на 35-то издание на „Макфест“ е „Сакам да кажам“  од групата Нокаут, втората награда е за „Ден по ден“ изведена од Ѓоко Таневски и трета награда за „Ако те изгубам“ во изведба на Омар Џаферовски.

Никола Перевски-Пере од Нокаут за МИА вели дека ова е награда по 24 години работа, а слатка трема немал да почуствувано никогаш.

-По 24 години конечно нешто да освоиме, публиката тоа го примети дека има некаков квалитет, што сме го направиле. Се разбира тука е жирото кое гласаше за нас и веројатно жирото, тоа го почуствувало. Најважно е за мене да почуствува песната, да се пренесе енергијата, кај публиката, еве и кај жирото и сметам дека е заслужено, вели Пере од Нокаут.

Тој во разговорот за МИА открива дека песната е направена пред три години, а инспирацијата доаѓа од љубовта. Прашан како го доживува „Макфест“ по 35 години, одговорот му е „Како никогаш досега, затоа што „Макфест“ досега се правеше на затворено,  а сега за првпат е кога „Макфест“ се организира под отворено небо и навистина чувството е прекрасно и мислам дека треба да продолжи во ваков некаков континуитет, рече Перевски-Пере од Нокаут.

 

Поврзани вести

Пред 13 години ја нарекуваа „Грдата Нина“, а денес изгледа вака (ФОТО)

Џулиен Мур: Не верувам во Бог, верувам во добра психотерапија

Славната султанка Хурем отвара продавница за здрава храна (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Што се случува со вашето тело по попладневната дремка?

user2

Салата која симнува 2 кг за 2 дена

Александар Петровски

Грешки кои ги правите при користење на обилниот, а можат скапо да ве чинат