МАГАЗИН

Хит чевлите на Сара Џесика Паркер лек за секој здодевен аутфит

Можеби ја паметите на високи потпетици како Кери Бредшо, но деновиве актерката Сара Џесика Паркер носи удобни, ниски чевли од сопствената колекција кои се комплетен контраст на моделите од „Сексот и градот“.

Сара Џесика Паркер ја отвори својата водечка продавница за чевли во центарот на Менхетен на почетокот на јуни и истата редовно ја посетува.

Во неа, таа често комуницира со клиентите и помага во изборот на чевли, пишува „Грација“.

Деновиве, папараците ја фатија пред продавницата, во обичен летен фустан и зелени кадифни чевли со мала штикла.

Сара Џесика првата линија чевли ја лансираше на почетокот на 2014 година, а цените на новите модели се околу 400 долари.

И рамни и чевли со високи потпетици се достапни во линијата SJP, а скоро сите модели се изработени од сатен.

Поврзани вести

Посна пита со праз и компир (РЕЦЕПТ)

Елена Даскалова

Чендлер е во врска со водителката Моли Хурвитц

Користете соодветна крема зависно дали е ден или ноќ, кожата ќе ви биде благодарна

user2

Овие хороскопски знаци излегуваат победници во секоја караница

user2

Ники Туторијалс ќе ја води Евровизија

Елена Даскалова

Кардашијан доби двојничка: Оваа девојка оперираше СЕ само за да изгледа како старлетата! (ФОТО)

Берта Китинска