Забава МАГАЗИН

Хороскопот открива што да му подарите на парнерот за Валентајн

Бирањето подарот за партнерот е тешка работа, бидејќи саката да го воодушевите и изненадите во исто време, а особено е тешко за Валентајн. За среќа, можете да се потпрете на хороскопот, па да видите што сака вашата друга половина.

Пронајдете го хороскопскиот знак на својот сакан/а и откријте со што да го/ја изненадите.

Овен

Овнот сака убав накит. Личностите родени во овој знак едноставно сакаат скапи и луксузни работи и очекуваа од својот партнер тоа и да го знаат.

Бик

Биковите сакаат авантура која ќе ги поткрене однатре. Тие се подготвени за акција, но осигурајте се дека во тој процес ќе научат нешто ново, бидејќи само тогаш ќе го сметаат за добар подарок.

Близнаци

Тие сакаат да бидат соборени од нога. Иако звучи чудно, Близнаците сакаат стари предмети кои им будат убави сеќавања и предмети врзани за она што ги интересира, како што се детали од филм и серија која ја сакаат и слично.

Рак

Ракот ќе биде среќен доколку добие букет рози и нешто што покажува дека го обожувате. Што пораскошно, тоа подобро. Тие чезнеат за романтичност.

Лав

Лавот сака детално испланиран пат на кој ќе го псипете со внимание и романтични гестови. Почнете да обрнувате внимание на деталите од неговиот/нејзиниот живот за да бидете што повеќе во склад со она што Лавот сака да го прави секој ден.

Девица

Девицата ќе биде задоволна со нешто убаво, креативно и романтично. Иако се романтични, тие ја ценат оригиналноста па не очекувајте да се задоволат со бонбони и рози.

Вага

Вагата ќе биде воодушевена со интимен мистериозен состанок. Таа го сака целото ваше внимание и најверојатно сонува за нешто што е секси и на граница на табу.

Скорпија

Тие би биле среќни доколку добијат стара колекција книги. Скорпиите се трагачи по вистината и истовремено се многу љубопитни.

Стрелец

Стрелецот сака авантура и е многу штедлив. Од друга страна сонува за патувања. Поради тоа, најдобр би било да му подарите книга која ќе му помогне да најде начин за управување со своите финансии.

Јарец

Јарецот сака да биде главен и да биде прашуван за се, а таа потрба е особено ојачана кога знае дека нешто може да го изненади. Сепак, доколку немате храброст да го прашате, следете ги неговите навики за да одлучите за што чезнее.

Водолија

Тие се секогаш расположени за нешто необично и магично. Некое спиритуално искуство или членарина за јога ќе биде совршен подарок за Водолијата.

Риби

Идеален подарок за нив би била карта за концерт на нивниот омилен изведувач. И покрај тоа што е Валентајн, рибите би биле најсреќни кога би го поминале во што е можно поголемо друштво.

Поврзани вести

Меколи Калкин во новата сезона на Американ Хорор Стори

Кристина Денесовска

Кој знак ќе има одлична недела, а кој едвај ќе го дочека крајот

Кристина Денесовска

Кејт Мидлтон бремена со четвртото бебе?

Вегански рецепт за бајадера со малини

user2

Сара Џесика Паркер воодушевена од “Медена земја”

user2

Минијатурна книга на Шарлот Бронте продадена за 780.000 евра

Елена Даскалова