Забава МАГАЗИН

Идните невести организираа протест во Рим, бараат да се дозволат свадбите (ВИДЕО)

Акција на протест ја принуди полицијата во Рим да се собере во близина на легендарната фонтана ди Треви, каде невести во снежно бели фустани бараа да се дозволат свадбените церемонии.

„Протестирам затоа што сакам да се омажам! Мојата венчавка мораше да се одложи за следната година а се договорив сè со свештеникот, но не можев да се договорам со рестораните и со салоните за убавина“, ги пренесува Рент ТВ зборовите на една од учесниците на протестот.
Тие посочија дека „сакаат гости, неограничена радост, да танцуваат до утрото“, а исто така наведуваат дека постои „ризик дека младоженецот, чекајќи да бидат укинати ограничувањата, ќе го смени своето мислење“.

Воведена е привремена забрана за раскошни прослави заради пандемијата, но младите одбиваат да ги исполнат барањата.

Се истакнува дека проблемите со регистрацијата на бракот предизвикани од вирусот корона не се појавиле само во Рим. Поради епидемијата, властите на државата Њујорк дозволија бракот официјално да се склучува и преку видео-врска.

Поврзани вести

Холивудски актер почина од корона по три месеци минати во болница

Ова се најопасните алтернативни гинеколошки лекови

Елена Даскалова

Режим на исхрана со кој ќе ги смирите габичните инфекции

user2

Актерот од „Пријатели“ никогаш не ја преболе колешката од серијата

Најубавите комбинации на бои за новогодишна елка

Елена Даскалова

Најинтересните случувања од снимањата на холивудските хит-филмови

Елена Даскалова