Забава МАГАЗИН

Иги Азелаја ограбена во својот дом во Атланта

Австралиската пејачка и раперка Иги Азелаја пријавила во полиција дека нејзиниот дом во Атланта бил ограбен и дека крадците ѝ однеле накит во вредност од 336.000 долари.

Како што се наведува во полицискиот извештај, на пејачката ѝ била украдена дијамантска ракавица вредна 70.000 долари и златен часовник со дијаманти вреден 57.000 долари како и дијамантска бурма.

Таа раскажала дека била сама во подрумот од куќата на 15 ноември, кога слушнала чекори во дневната соба. Помислила дека тоа е нејзиното момче кое требало да дојде во секој момент. Како што рекла дека вратата ја оставила отклучена токму поради него.

Случајот го пријавила во полиција дури два дена подоцна, односно на 17 ноември, откако забележала дека и ја нема торбата во која го чувала накитот. Иги им рекла на полицијата дека на снимките од надзорните камери се гледа маж кој влекол во куќата од задната врата во 21:51 часот и излегол осум минути подоцна со торба во рацете.

Поврзани вести

Норт Вест ја доби на подарок јакната на Мајкл Џексон (ФОТО)

Елена Даскалова

Знаци кои укажуваат дека врската ви е во криза

Актерската ѕвезда од 90-тите денеска не личи на себе (ФОТО)

Елена Даскалова

Џорџина го украде вниманието во фустан со длабоко деколте

Лидија Вукичевиќ во атрактивен фустан позира покрај морето во Будва (ФОТО)

Александар Петровски

Згодната спортска новинарка покажа како ја одржува линијата (ВИДЕО)

Елена Даскалова