Забава МАГАЗИН

Интуицијата може да ви помогне да го изберете правилното решение

Кога сме во дилема и не можеме да процениме која одлука е најдобра, интуицијата е таа која треба да ја послушаме. Таа може да нè доведе во вистинската насока, само ако посветиме поголемо внимание на неа и на она што ни го порачува.

Интуицијата е феномен што сè уште никој не успеал да го објасни, но постојано сме сведоци дека таа е навистина моќна и може да ни пренесе многу важни пораки.

Еве неколку ситуации кога интуицијата е непроценлива:

– Ако чувствувате страв или непријатност од правење нешто, а интуицијата ви кажува дека тоа ќе биде најдобрата одлука, тоа веројатно не тргнува наопаку. Благодарение на интуицијата, ја напуштаме комфорната зона и постигнуваме одлични резултати.

– Кога вашата врска навидум добро функционира, но тој внатрешен глас ве потсетува дека не станува збор за голема љубов. Ако се појави и најмал црв на сомнеж, интуицијата ќе го препознае.

– Ако сметате дека сте во опасност, потпирајте се на интуицијата.

– Таа ќе ви порача дека не ви е добро. Ако имате чувство дека нешто не е во ред со вашето тело, контактирајте го вашиот лекар.

Кога едно внатрешно чувство ќе ви каже нешто не е во ред и покрај тоа што на прв поглед сè е совршено, послушајте го. Дури и ако не можете да најдете логично објаснување за чувството на вознемиреност во одреден момент, слушајте го, може да ве поштеди од многу проблеми.

Ако имате чувство дека работата не е за вас и дека можете да направите многу подобро, тогаш ова е веројатно точно. Внатрешното чувство понекогаш ги цени нашите способности повеќе отколку што нашиот рационален дел може да ги согледа.

Затоа, слушајте ја интуицијата, таа ќе работи во ваша корист, а никогаш против вас.

Поврзани вести

Анистон со донација од 1 милион долари за борба против расизмот

Влатко Зорба

Рене Зелвегер доби Оскар за Најдобра женска улога

Елена Даскалова

Што е најзлобното нешто што го прави секој хороскопски знак?

Елена Даскалова

Што се случува со фустаните на ѕвездите по Оскарите?

Елена Даскалова

Суд во Велика Британија треба да одлучи дали веганството ќе се заштити со закон

Никола Поповски

ГО ЗАГУБИ ТРПЕНИЕТО: Еве што ѝ забрани Дејвид Бекам на Викорија!

Stefanija Kuzmanovska