Забава МАГАЗИН

Италијанскиот милионер и неговата трудна девојка уживаат на јахта во Сардинија (ФОТО)

Популарниот италијански плејбој и милионер Џанлука Ваки (52) и неговата бремена девојка Шерон Фонсека (25) уживаат далеку од сите за време на пандемија на коронавирус, на одмор во Италија.

Имено, парот беше фотографиран како се забавуваше заедно со блиски пријатели на јахта во Сардинија, а Џанлука цело време ја бакнуваше и галеше својата 27-години помлада девојка.

Тие се гушкале, бакнувале, играле на музика, се капеле во морето и нон-стоп се фотографирале за социјалните мрежи, а милионерот дури ја искористил можноста да сними видео за своите фанови на Инстаграм, во кое тој среќно игра и скока.

Шерон носеше бикини со леопард принт и јасно можеше да се види нејзиното поголемо бремено стомаче, додека Џанлука носеше розови купачи и ги откри своите бројни тетоважи.

Парот последните неколку месеци ги помина во својата вила во Болоња, која поседува 3 базени, 38 хектари земја, и тоа се откако се вратија од пентхаусот што го поседува во Мајами.
Говорејќи за разликата во возраста во едно шоу, водителката го праша Џанлука дали на неговата девојка му пречи неговата возраст:

– Воопшто, не и пречи. Иако имам бела брада, мојот ентузијазам е како оној на 15-годишно момче – заклучи милионерот.

Поврзани вести

Кетрин Зета Џонс се прости од Кирк Даглас

СЗО конечно се изјасни во врска со ибупрофенот и ковид-19

Цетински: Отворете го „Голи оток“ за нас кои не сакаме да се вакцинираме и приведете нè

Стивен Кинг изнесе тешки овиненија за Оскарите

Шокантни детали од минатото на „најзгодниот криминалец“

user2

Зошто имаме двајца татковци? Еве како Рики Мартин им одговори на своите синови на ова прашање

Берта Китинска