Здравје и Храна МАГАЗИН

Ја имаат помалку од 50 луѓе во светот: Каква е таа „златна крв“?

Постојат луѓе кои знаат каква е нивната крвна група, но има повеќе кои не знаат. Можеби е крајно време да откриете, затоа што можеби сте еден од луѓето што во себе носат „златна крв“.

Постојат четири основни типа на крвни групи, А, Б, АБ и 0 и секоја од нив може да биде позитивна или негативна, во зависност од тоа дали Rh фактор е присутен или отсутен.

Нултата крвна група е најчеста. Најретка е крвната група „Rhnull“, која експертите сакаат да ја нарекуваат „златна крв“. Според достапните податоци, само 43 луѓе на овој свет ја имаат оваа крвна група, а откриена е во 1961 година.

Оваа најретка крвна група нема ниту еден од 50 антигени од резус системот. Иако на овие луѓе може секој да им донира крв, само неколку луѓе можат да го спасат нивниот живот. Баш затоа, во случај кога некогаш ќе им треба трансфузија, луѓето кои имаат златна крв се охрабруваат да даруваат крв, пишува магазинот „Хелти“.

Еден од нив, средовечен Швајцарец, опишува колку е потребно да се биде внимателен. На пример, тој не патува во земји кои немаат современи медицински установи и многу внимателно вози за да избегне повреди и несреќи.

Поврзани вести

Кукавичките работи кои ги прават хороскопските знаци

Кристина Денесовска

Меган Маркл – највлијателна модна личност за 2019 година

Награди на критичарите: Најдобрите филмови за изминатата година

Заштитете се себеси од луѓе кои постојано се жалат

user2

Направете ги овие работи, за орхидејата почесто да цвета

user2

Новата девојка на Бруклин Бекам е „плукната“ Викторија (ФОТО)

user2