Забава МАГАЗИН

Ја нападнаа Меланија поради слика, па таа им одговори како вистинска дама

Меланија Трамп на Твитер објави фотографии од изградбата на тениското игралиште во Белата куќа.

Таа носи заштитен шлем и заедно со проектантите ги разгледува нацртите. Многумина пак, одлучија дека треба да ја нападнат за ова.

„Светот умира, коронавирусот се шири, а ние гледаме тениски терен“, „Белата куќа повеќе се грижи за тенискиот терен на Меланија, но не и за тестови за коронавирус“, „Ова не треба да се случува за време на епидемија“, „Значи вака следите што се случува со животите на луѓето“, беа само дел од лутите коментари на следбениците на Меланија.

Но, наместо поединечно да се правда на секого, таа одлучи да одговори кратко и јасно:

„Ги охрабрувам сите кои бираат да бидат негативни за мојата работа да дојдат во Белата куќа и да соработуваат, за да направиме нешто корисно и за нивната заедница“, одговорила Меланија Трамп.

Поврзани вести

Кејт Мидлтон го обожавала Иванишевиќ: „Бев фасцинирана…“

Stefanija Kuzmanovska

Адел откри како изгуби 45 кг

Stefanija Kuzmanovska

Кортни Кардашијан го напушта релното шоу на фамилијата

Елтон Џон со милион долари помага на организации кои работат со ХИВ позитивни

Влатко Зорба

САД бараат принцот Ендру да сведочи во „случајот Епштајн“

Минијатурна книга на Шарлот Бронте продадена за 780.000 евра

Елена Даскалова