Забава МАГАЗИН

Каде се и што прават некогаш популарните ТАТУ?

Во 2002 година, русинките Лена и Јулија направија вистински хаос на светската естрада со спотот за песната „All The Things She Said“, во кој страствено се бакнуваат на дожд, додека зад оградата ги гледаат многу луѓе и ги осудуваат.

Тие уште во тоа време во јавноста ги прикажаа хомофобните ставови во нивната родна држава, а за волја на вистината, ниту денес ситуацијата не е нешто подобра. Но, ТАТУ веќе не се истите. Денеска Лена има 35 години, а Јулија 34 и се многу променети од она што го паметиме.

Понекогаш имаат и заеднички настапи, но Јулија генерално не се занимава со пеење, а успешно закрепнува од лечењето на ракот на штитната жлезда, кој ѝ ги оштетил гласните жици. Таа има две деца, син и ќерка. Лена студирала психологија, а исто така е во брак и има еден син.

View this post on Instagram

Есть вопросы?💃🏻

A post shared by Julia Volkova | Юля Волкова (@official_juliavolkova) on

Всушност, сите оние кои уште во тоа време мислеа дека ТАТУ глумат лезбејки само за на сцена, излезе дека беа во право и дека сето тоа било смислено од нивните менаџери. Сепак, тоа не ја намалува нивната популарност, бидејќи публиката и понатаму ги обожава, а доказ за тоа е дека и по цели 18 години, нивните песни постојано имаат нови преслушувања на сите музички платформи.

Поврзани вести

Кои се 5-те ефекти што првото кафе наутро ги има врз нас?

user2

Тарик Филиповиќ ја разнежи сопругата со романтичната роденденска честитка

user2

Заштитете се себеси од луѓе кои постојано се жалат

user2

Хороскопот открива што да му подарите на парнерот за Валентајн

Мајката на Нејмар во врска со 22-годишен гејмер, сите зборуваат за реакцијата на sвездата на ПСЖ

Влатко Зорба

И Пласидо Доминго има коронавирус, во изолација и неговото семејство