Забава МАГАЗИН

Како би требала да изгледа вашата свадба според зодијакот

Љубителите на астрологијата веруваат дека се е запишано во ѕвездите. Според нив, хороскопот открива кои знаци се некомпатибилни, колку сте романични, како се однесувате кон својот партнер, па дури и какви подароци сакате.

Затоа нека не ве чуди што веруваат и дека хороскопскиот знак може да открие како би требала да изгледа вашата свадба.

Овен

Невестата во овој знак сака тој ден да изгледа и да се однесува како принцеза, па затоа ќе одбере некоја посебна локација и ќе се труди нејзината свадба да изгледа како од бајка.
Изобилство цвеќе и декорација, впечатлива венчаница и срцепарателски говор, е се што може да се очекува на нејзината свадба.

Бик

Кога би требало да одберат дали треба да ги викнат роднините или пријателите, припадниците на овој знак секогаш би ги викнале роднините. Дури и оние со кои не се блиски.
Имено, за нив бракот е светост и кога се свадбите во прашање, ја почитуваат само традицијата. Нивното венчавање веројатно нема да биде запомнето како незаборавна забава, но ќе биде во знакот на романтиката.

Близнаци

Близнаците се често оние кои за брак се одлучуваат преку ноќ и покрај недостатокот на време за организација, нивната венчавка ќе се памети како една од најнезаборавните. Танцување до зори е единствено што им е потребно за среќа.

Рак

Најголемите емотивци ќе се потрудат нивната свадба да биде исклучително романтична, но нема да се бунат ниту доколку биде обележано со големи количини солзи-радосници.

Лав

Лавовите со задоволство ќе ги потрошат и последните пари за подготвување на прославата за која долго ќе се зборува. Ним луксузот им е второ име па немојте да се изненадите доколу го одберат најскапото место во градот.

Девица

Девиците сакаат да имаат се под контрола па за нив организатори не доаѓаат предвид. Сепак, тоа незначи дека нема се да биде беспрекорно. Сакаат едноставност, но не далеку од традицијата. Длабоко во срцето мечтаат за прослава на плажа, што веројатно никогаш нема да ви го признаат.

Вага

Организацијата на нивната свадба ќе трае бесконечно долго,но немојте да се изненадите доколку невестата неколку пати се предомисли околу венчаницата или бојата на цвеќето. НО, сето тоа ќе резултира со совршен ден во кој сите ќе уживаат.

Скорпија

Не изненадувајте се доколу припадниците на овој знак побегнат некаде далеку за во максимална приватност да си ги разменат заветите со партнерот. Тие не сакаат наметнати правила, строги церемонии, ниту дружење со луѓе кои не им се драги.

Стрелец

Стрелците се уште еден од знаците кои не патат за гламурозна прослава на која ќе има стотици гости. Родените авантуристи секогаш бираат нешто поразлично и невидено. Доколку се одлучат за прослава, ќе бидат викнати потесен круг на луѓе, а немојте да се зачудите доколу истата биде организирана на некаков зафрлен ранч.

Јарец

Припадниците на овој знак ги следат трендовите па и пред свршувачката ќе имаат јасна визија за сопствената венчавка. Иако ќе внимаваат на буџетот, не еден од нивните најубави денови во животот ништо нема да недостига.

Водолија

Тие не сакаат да бидат робови на правилата, а нивната свадба ќе биде една од најопуштените. Младоженецот би можело да се појави во фармерки и откачена кошула, а доколку невестата е родена во овој знак, би можела и таа да ја одбере истата комбинација.

Риби

Тие сонуваат за филмска венчавка, но реализацијата би можела да биде саботирана од нивниот буџет. Сепак, ќе направат се што можат за да ја доловат нивната приближна верзина на онаа замислената.

Поврзани вести

Пред поротниците биле прикажани голи фотографии од Вајнштајн

Италијанскиот милионер и неговата трудна девојка уживаат на јахта во Сардинија (ФОТО)

Секој хороскопски знак има слаба точка која го полудува во кревет

Елена Даскалова

Новата девојка на Бред Пит „шета“ по нервите на Анџелина Џоли

Влатко Зорба

Мустафа Надаревиќ се бори со карцином: Во болница сум

Stefanija Kuzmanovska

Ќерката на Мадона фотографирана во алкохолизирана состојба

Кристина Денесовска