МАГАЗИН

Како да го преболите раскинувањето?

Секое раскинување боли, но за среќа, неговите фази се сосема предвидливи. Докажаните стратегии ќе ви помогнат психички да се подготвите и да го преболите вашиот бивш засекогаш.

Амбиваленција
Во оваа фаза, вие сте свесни и за позитивните и за негативните страни на врската, се сеќавате на одличните и страшни моменти и мерите кои ги имало повеќе. Се прашувате дали да раскинете или не. Партнерот обично не е ни свесен за вашите сомнежи, што ја прави оваа фаза уште поболна. Консултирајте се со семејството и пријателите и сослушајте ги нивните аргументи за и против.

Еуфорија
По раскинувањето, вие се фокусирате на добрите страни на вашата поранешна врска, идеализирајќи го вашиот бивш со потиснување на проблемите што довеле до распаѓање на вашата врска. Понекогаш се јавуваат каење и вина. Наместо да се препуштите на грижа на совест, запрашајте се дали вашиот партнер ве почитувал, дали постојано сте се карале. Присетете се на сите причини зошто раскинавте.

Увидување на причината
Ги анализирате сите детали од врската, а потоа себе и вашиот поранешен партнер за да разберете што довело до раскинување. Појаснете сè што ве мачи за да можете да преминете на следната фаза од процесот.

Изразување емоции
Наместо да ги потиснувате, изразете ги своите емоции. Плачете, доверете се на блиска личност, удирајте во боксерска вреќа, направете сè за да се чувствувате подобро.

Тага
Крајот на врската е еден вид загуба на саканата личност. Сепак, наместо да губите време на нервирање и предвидување на најлошото сценарио, фокусирајте се на сегашноста. Направете го она што ве задоволува. Почастете се со луксузна купка, тренирајте, одете на масажа… Кога сте сами, потешко е да се справите со тагата и лутината, затоа разговарајте со вашите најблиски за тоа низ што поминувате.

Негирање
Не сакате да признаете дека вашата врска е завршена. Имате лажна надеж дека работите ќе бидат како порано и размислувате да му дадете нова шанса на вашиот партнер. Нека ве охрабри фактот дека нови животни амбиции, цели и соништа ќе ги заменат старите.

Промени на социјалните мрежи
Бришење споделени слики, ажурирање на статусот на врската и слични работи можат да ве вознемират, затоа посветете им се само кога ќе бидете емотивно подготвени. Ослободете се од опипливи работи што ве потсетуваат на поранешниот – гардероби, подароци или други ситници што ве потсетуваат на минатото.

Фаза на споредба
Во текот на оваа фаза, ќе ги споредувате другите со поранешниот. Оваа фаза може да трае неколку месеци, па дури и една година.

Враќање во нормала
Ги поминавте сите фази и подготвени сте да продолжите понатаму. Се разбира, тоа не значи дека понекогаш нема да има тешки моменти. Сосема е нормално вашата нова врска да биде придружена со мешани емоции. Со текот на времето, спомените ќе избледат и вашето внимание ќе биде окупирано од нова љубов.

Поврзани вести

Лозановски: Доаѓам од Македонија, не со тој додаток (ВИДЕО)

Елена Даскалова

Карлеуша дојде во провокативен бел фустан на роденденот на Наташа Беквалац (ФОТО)

Александар Петровски

Жељко Бебек се враќа во Бјело дугме?

Принцот Хари отсекогаш сакал актерки

user2

Кајли Џенер претходно летала со хеликоптерот во кој загина Коби

Елена Даскалова

Силуваната актерка што го потресе регионот: Која е Даниела Штајнфелд? (видео)

Никола Поповски