Забава МАГАЗИН

Како Мари Фредриксон дозна за својата сурова болест?

Мари Фредериксон денеска почина по долгогодишна битка со туморот на мозокот, на 61-годишна возраст. Оваа вест ја растажи шведската и светската јавност.

Првпат оваа сурова болест ѝ била дијагностицирана во септември 2002 година. Мари се вратила од утринското трчање, по што почувствувала вртоглавица. Потоа се онесвестила и ја удрила главата во мијалникот.

Кога се разбудила, веќе била сместена во болница, каде ѝ ги кажале страшните вести. Потоа следувале неколку циклуси терапија и операции. Во 2016 Roxette се обединија за нова турнеја, но се врати и суровата болест.

Тогаш лекарите ѝ советувале да ги откаже настапите, а со обожавателите Мари се прости преку Фејсбук:

„Беа фантастични 30 години. Кога ќе се сетам на почетоците, чувствувам само радост и среќа. Сите тие настапи и спомени се голем дел од мојот живот. Благодарна сум што и покрај болеста, неколкупати успеав да пеам повторно. За жал, морам да соопштам дека моите турнеи веќе завршија. Се заблагодарувам на сите обожаватели.“

Долгогодишното лечење ѝ направи на Мари проблеми со видот, со моторичките функции, па дури и со зборувањето. Нејзината борба беше долга и тешка, а за жал, ја изгуби на 9 декември.

Поврзани вести

Шест вежби кои можете да ги направите во кревет

Stefanija Kuzmanovska

Мајката на Нејмар во врска со 22-годишен гејмер, сите зборуваат за реакцијата на sвездата на ПСЖ

Влатко Зорба

Ќерката на Моника Белучи порасна во неверојатна убавица

Stefanija Kuzmanovska

Елтон Џон доби тужба од неговата поранешна сопруга

Влатко Зорба

Одложени и наградите Тони поради коронавирусот

Почина еден од креаторите на „Том и Џери“

Stefanija Kuzmanovska