Дом и дизајн МАГАЗИН

Како правилно се одржува популарната божикна ѕвезда?

Божикната ѕвезда е карактеристично собно ѕвеќе со прекрасни зелени и црвени листови, а го носи уште и името „цветот на Светата ноќ“.

Многу луѓе го имаат ова цвеќе дома, особено за време на празниците. Ако правилно го чувате, тогаш неговата убавина ќе потрае и долго после празниците. Имајте предвид дека е чувствително на промена на температурите.

Почитувајте ги следниве совети:

Најдобро место

Божикната ѕвезда сака сончева светлина, па чувајте ја покрај западните, источните и јужните прозорци. Избегнувајте ги северните, бидејќи на тој начин не добива доволно светлина. Исто, важно е да не биде изложена на директно сонце.

Температура

Божикната ѕвезда се чува на топло место, но не веднаш до извор на топлина, ниту пак покрај отворени прозорци. Оптимална температура е од 15-21 степени преку ден, а навечер од околу 12 степени.

Влажност и полевање

Секојдневно проверувајте дали почвата е доволно влажна. Полевајте ако е сува, а редовно прскајте ги и листовите со вода.

Поврзани вести

Сокови кои помагаат при дигестивни проблеми

Елена Даскалова

И Хејли Болдвин скршена од загубата на Алек и Иларија

Елена Даскалова

Шарлиз Терон го има селфито за Оскар за оваа година (ФОТО)

Елена Даскалова

Стивен Кинг го затвори својот Фејсбук профил поради грижа за приватноста и лажните вести

Влатко Зорба

Наоми Кемпбел ужива во самечкиот живот

user2

Напитокот од сода бикарбона и лимон може да замени многу лекарства