Забава МАГАЗИН

Како Вилијам ќе ја изненади Кејт за Денот на вљубените

Принцот Вилијам планира романтична вечера за да ја изненади својата сопруга Кејт Мидлтон на Денот на вљубените, пишуваат британските медиуми. Војводата од Кембриџ, за кој кружат гласини дека е романтичен, планира да помине квалитетно време со својата сопруга на тој посебен ден оваа недела. Се шушка дека би можеле да поминат романтична вечера во својот омилен италијански ресторан во Лондон.

„Вилијам и Кејт често одат во тој ресторан, тоа им е омилено место на кое имаат одредена доза приватност. Ним им е многу тешко да отидат негде, а некој да не ги следи или набљудува. Вилијам има нежна страна и сигурна сум дека за својата сопруга веќе подготвил честитка, убав подарок и можеби мирна вечера во домот“, рекла Кети Никол, коментаторка на кралското семејство, за Mirror.

Парот минатаа недела бил фотографиран како се држат за рака во Јужен Велс, каде како студенти прв пат се запознале во 2001 година. Во брак се 10 години и според зборовите на коментаторката Кети Никол, нивната љубов отогаш само расте.

View this post on Instagram

The Duke and Duchess visit Bulldogs Boxing Community in Port Talbot 🥊 Bulldogs uses the power of boxing to involve, educate and inspire the community, including young people who may have been affected by adverse childhood experiences and mental health issues. The Duke and Duchess’s visit to the Bulldogs coincides with Children’s Mental Health Week, set up by @_place2be of which The Duchess is Patron. Earlier in the day, The Duke and Duchess stopped at Joe’s Ice Cream Parlour to speak to local parents and carers about life in the Mumbles, and to talk about The Duchess’s #5BigQuestions survey. The survey aims to spark a UK-wide conversation on raising the next generation of children under 5.

A post shared by Kensington Palace (@kensingtonroyal) on

„Не знам дали принцот Вилијам признава, но тој е всушност романтичен. Тој ќе се потруди Кејт да се чувствува посебно за Денот на вљубените“, додала Кети.

Поврзани вести

Цетински исфрлен од радио-програма поради неговите ставови за вакцинирање и чипирање

Атанасовски, актер: Во денешно време да најдеш некој да те насмее е повеќе од доволно за да се преживее

Влатко Зорба

Пејачот на Рајмштајн нема коронавирус

Три хороскопски знаци кои се создадени за авантуристичка врска

Кристина Денесовска

Чарлс и Камила прославија 15-годишнина од нивниот брак во карантин во Шкотска

Влатко Зорба

Бекамови потпишаа договор вреден 16 милиони фунти за серија на „Нетфликс“

Влатко Зорба