Забава МАГАЗИН

Камила е негативна на корона вирусот, а кралицата се чувствува добро

Принцот Чарлс е позитивен на тестот за коронавирусот. Откако јавноста го дозна тоа, ја интересираше дали чекал ред за тестирањето како и останатите граѓани.

– Интересно. Имам симптоми, но не можам да се тестирам бидејќи немам врски. Изгледа дека животот на кралското семејство е повреден од животот на моето семејство. Сега е време за еднаков пристап. Нема изклучоци – гласеле повечето коментари на социцјалните мрежи.

Странските медиуми пишуваат дека принцот немал никакви привилегии туку неговите симптоми и години ги задоволувале критериумите за тестирањето. Тие јавуваат дека тој се чувствува добро, а моментално се наоѓа во Шкотска во самоизолација.

Со него е и сопругата Камила која исто така се тестирала за вирусот. Резултатот покажал дека таа е негативна.

– Камила е под строг надзор на медицинските лица, додека Чарлс се опоравува. Се чувствува добро и шири позитивни мисли – рекол извор.

Чарлс не ја видел својата мајка, кралицата Елизабета Втора, а британските медиуми пренесуваат дека таа се чувствува добро. Времето го поминува во дворецот во Винздор со сопругот Филип.

Поврзани вести

По Џастин Бибер, Селена Гомез конечно го живее животот

user2

Меган и Хари се вратија во Велика Британија (ФОТО)

Сестра ѝ на Меган повторно удри по војвотката

user2

Мрзлив поштар од Јапонија ќе отслужи затворска казна за недоставени писма

Елена Даскалова

Џенифер Лопез открила дека не заработила ниту денар од „Hustlers“

Мараја Кери се пошегува на своја сметка и ги собра симпатиите од обожавателите

Влатко Зорба