Забава МАГАЗИН

Канадските медиуми против Меган и Хари

Најголемите канадски весници велат дека принцот Хари и Меган Маркл не се добредојдени да живеат во нивната пријателска земја, бидејќи тоа е неуставно.

Во острата критика, „Globe and Mail“ вели дека планот на кралскиот пар да се пресели во земјата на хокејот ги крши законите кои ја држат некогашната држава, со која управувале Британците, подалеку од монархијата.

„Како одговор на изненадната најава на нејасниот план на војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган, да се преселат во Канада, а да останат дел од кралското семејство, одговорот на владата и премиерот Трудо требаше да биде едноставен и да им каже „Не!“, наведува весникот.

„Добредојдени сте на се посетите, но, се додека сте високопозиционирани членови на кралското семејство Канада не може да ви дозволи да останете… Тоа го руши непишаното уставно таму“, се вели во критиката.

„Деликатно и суштинско место на монархијата во нашиот уставен систем, значи дека кралски член, принц кој е шести во редот за тронот, не е нешто што канада може да си го дозволи“.

„Кралскиот живот во оваа земја не се согласува со долгогодишниот природен однос меѓу Канада и Британија и Канада и круната. Доколку се постар член на нашето кралско семејство, овааа држава е може да стане ваш дом“.

Инаку, весникот „Globe and Mail“ се печати во пет најголеми градови во Канада и се смета за еден од навлијателните во таа земја, пренесува српски Курир.

Поврзани вести

Вереничкиот прстен на Ловато чини меѓу 2,5 и 5 милиони долари

Влатко Зорба

На ќерката на Мејведер и се заканува казна затвор од 99 години

Влатко Зорба

И во домашни услови дезинфицирајте го својот работен простор

Излегоа номинациите за Златна малина 2020

Елена Даскалова

Празничната храна го подобрува расположението

Елена Даскалова

Губењето пријател е поболно дури и од скршено срце

Елена Даскалова