Забава МАГАЗИН

Кање ќе се кандидира за претседател на САД, доби поддшка од Елон Маск

Американскиот рапер Кање Вест синоќа на Твитер објави дека ќе се кандидира на ноемвриските претседателски избори во САД.

„Сега мора да го исполниме ветувањето на Америка со верување во Господ, обединување за нашата визија и изградба на нашата иднина. Јас се кандидирам за претседател на САД“, напиша Вест на Твитер.

Се уште не е познато дали Вест, силен поддржувач на политиката на актуелниот претседател Доналд Трамп, навистина има намера да се кандидира на четири месеци пред изборите, закажани за 3 ноември, и дали и официјално ја поднел кандидатурата.

Во голем број сојузни држави се уште не е завршен крајниот рок за додавање на независните кандидати на гласачкото ливче.

Најновата објава на американскиот рапер предизвика лавина реакции кај неговите 29 милиони следбеници.

Главниот извршен директор на Тесла, Елон Маск, е еден од многуте што го поддржаа Вест.

„Ја имаш мојата целосна поддршка“, напиша Маск.

Поврзани вести

Метода која ќе ви помогне доколку ве мачи несоница

Кристина Денесовска

Принцот Филип „превентивно“ примен во болница

Кристина Денесовска

Тајчи најавува автобиографска книга во која отворено ќе зборува за минатото

26-те најбогати бизнисмени

Maja_Serafimova

Бритни Спирс има 13 години помладо момче

user2

Протече видео од снимањето на Џејмс Корден и Џастин Бибер кое ги шокираше фановите