Забава МАГАЗИН

Ким Кардашијан го купи и шеширот на Мајкл Џексон на аукција (ФОТО)

Ким Кардашијан оваа година одлучи дека ќе биде особено дарежлива кон членовите на своето семејство, но во исто време призна дека е и зависник од купување на аукции.

Неодамна, таа на најстарата ќерка Норт ѝ ја купи легендарната јакна од настапите на Мајкл Џексон, за која платила многу пари. Сепак, на ријалити ѕвездата ништо не ѝ е претешко или прескапо кога се во прашање луѓето кои најмногу ги сака. На нејзиното последно вакво купување сигурно ќе се израдува малата Норт, но не заборави ниту на својот брат Роб.

https://standard.mk/nort-vest-ja-dobi-na-podarok-jaknata-na-majkl-dzhekson-foto/

Овојпат Норт, како дополнување на јакната на кралот на поп-музиката, го доби и неговиот познат шешир. На Инстаграм, Ким веднаш се пофали со новиот подарок за Норт, а на фотографијата која ја објави нагласи и дека на шеширот уште се познаваат траги од сценската шминка на Мајкл Џексон.

Роб Кардашијан, пак, како подарок од својата сестра доби два прстена кои некогаш припаѓале на Елвис Присли, а кои се продавале на истата аукција од која е купен и шеширот за Норт.

Поврзани вести

Анџелина Џоли на шопинг со нејзината ќерка, двете имаа ист детал на себе

Stefanija Kuzmanovska

Расел Кроу предупреди за опасноста од климатските промени

Кристина Денесовска

Месечен хороскоп: Бикот со предизвици и промени, Девиците несигурни

Елена Даскалова

Ја нападнаа Меланија поради слика, па таа им одговори како вистинска дама

Витни Хјустон преку холограм на турнеја

Кристина Денесовска

Анистон: Никогаш нема да се ослободите од „Пријателите“

Влатко Зорба