Забава МАГАЗИН

Кирк беше икона на Холивуд, а кариерата му траеше 70 години

Актерската легенда и добитник на Оскар за животно дело Кирк Даглас почина вчера во 104 година од животот. Тој беше Холивудска икона, чија филмска кариера траеше седум децении.

Тој беше горд на себе што играл силни мажи, а за сите тие улоги сам се изборил. Роден е како Исур Даниелович Демскај во многубројно смејство. Имал шест браќа и сестри, а кога бил млад продавал грицки на работниците на локалните млинови за да заработи пари за храна. Не биле имоќно семејство. Кирк пред успехот во кариерата имал околу 40 работи, за најпосле да запише глума кога добил стипендија од Академијата за драмски уметности.

Кога се пробал во глумата знаел дека токму тоа е за него.

– Една работа во животот кој ја знаев, во која бев непроменлив, е тоа дека сакам да бидам актер – рекол Кирк своевремено.

Во училиштето за глума го сменил името.Повеќе не бил Исур туку Кирк Даглас, тогаш, незнаејќи дека тоа име ќе стане легендарно во светот на филмот.

Под новото име го имал и првото појавување во еден Бродвејски мјузикл. Потоа, во 1941 се пријавил во американската морнарица, но поради повреда бил онеспособен две години. Во 1943 година се оженил со поранешната колешка од школата, Дијана Дил. Тоа му бил прв брак и траел 8 години. Со неа го добил синот Мајкл Даглас, исто така еден од најпознатите актери во светот и Џоел Даглас, кој станал филмски продуцент.

Кирк сакал само да снима сапуници и реклами на радио и да глуми на Бродвеј. Сепак, иако се гледал на штиците од театарот, по препораката на режисерот Халу Валис, Кирк добил улога во филмот „Необичната љубов на Марта Иверс“. Тогаш филмските критичари имале само пофални зборови за него. Пишувале дека е роден да биде на филмското платно.

Првата номинација за Оскар ја добил за филмот „Шампион“ а потоа во 50-тите се побал во вестерн филмовите. Тоа му било забавно и го снимил филмот „Ас во ракавот“ кој тогаш се сметал за контроверзен. Веќе на почетокот на педесетите години, Кирк се развел од Дијана бидејќи неа и сметало што го поврзувале со многу холивудски убавици, како Ава Гарднер.

Тој развод се покажал позитивен, бидејќи набргу по тоа ја запознал Ен Бајденс, со која се оженил во 1954 година и љубовта им траеше се до неговата смрт.

Неговите најистакнати улоги беа во филмовите „Спартак“ , „Шампион“, „Detective Story“ и многу други…. За улогата на детективот Џим Меклорд, Кирк освои Златен глобус.

Поврзани вести

Поранешната девојка на принцот Хари откри непознати детали: „Целата врска ми помина во страв“

Stefanija Kuzmanovska

Цеца и Вељко се јавија од изолација (ВИДЕО)

Леди Гага искрено за односот со Бредли Купер

Што најмногу го нервира секој хороскопски знак?

Елена Даскалова

Филмот Психо слави 60 години, култната сцена била снимана седум дена

Кристина Денесовска

Нови детали за физичката пресметка меѓу сестрите Кардашијан

Кристина Денесовска