Забава МАГАЗИН

Ќерката на популарниот актер ја сподели својата тешка животна приказна

Ќерката на популарниот Јуан Мекгрегор ја сподели својата тешка животна приказна. Таа признала дека во минатото била силувана, абортирала, се борела со зависност, како и со депресија.

Клара Мекгрегор уште од 4-годишна возраст почнала да посетува психијатар, а анксиозноста ја спречила да има нормално детство како нејзините врсници. Таа и денес има големи потешкотии, но сега тоа го контролира со лекови.

Таа многу се срамела од својата состојба, но и се обвинувала себе за сите физички напади, па дури и за силувањето. По неколку години била во врска, во која била и психички и физички малтретирана, останала бремена, но морала да абортира.

Преку својот профил на Инстаграм, Клара им се заблагодари на сите кои ѝ помогнале во тешките времиња.

Нејзините односи со познатиот татко се заладија кога тој ја изневери мајка ѝ. Клара на љубовницата, актерката Мери Елизабет Винстед ѝ порача дека е „обично ѓубре“ и ретко се гледа со нив.

До своите следбеници таа испрати порака да се грижат за сопственото ментално здравје и никогаш да не се срамат од она што се. Полесно е да се побара помош, наместо да се остави болката да ја уништи личноста.

Поврзани вести

Кои се македонките кои ќе ја шминкаат Атиџе?

Кристина Денесовска

3 хороскопски парови што тешко се толерираат меѓусебно

user2

Сатанистичката црква: Лејди Гага не е сатанист

Влатко Зорба

Гледањето телевизија помалку од два часа на ден би можело да спречи влошување на здравјето

Марго Роби ги маѓепса сите со невообичаен божикен изглед

Кристина Денесовска

Самохрана мајка му пишала порака на Ештон Качер, неочекувано, добила одговор