МАГАЗИН

Книгата за Хари и Меган излегува на 11 август

Пред две седмици, принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) непријатно ги изненадија реномираните британски таблоиди со изјава кога испратија соопштение до редакциите на четири редакции дека повеќе нема да даваат изјави за нив, а тоа беа „Дејли мејл“, „Дејли мирор“, „Сан“ и „Дејли Експрес“. Тогаш рекоа дека во иднина ќе комуницираат со нив само преку адвокат. Меган и Хари во изјава напишале дека „не сакаат да бидат валута на економијата на „кликбајт“ и искривена информација“, и ги обвинија таблоидите за „искривено и лажно известување“. Овој потег е очигледна порака до британската јавност дека не веруваат во тоа што се пишува за парот.

Се чини дека тие решиле да ги преземат работите во свои раце, а една недела по објавувањето, се појавија вести дека ќе ја раскажат целата своја приказна во книга на новинарите Каролин Дуранд и Омид Скоби, кои долго време пишуваат за кралското семејство. Иако точниот датум не беше познат, се зборуваше дека книгата наречена „Потрагата по слобода: Хари, Меган и создавање на модерното кралско семејство“ објавена од „Деј Стрит букс“,  на компанијата Харпер Колинс, ќе биде објавена во август, а сега светот го дозна датумот – 11 август.

Каролин е американска новинарка и блиска пријателка на парот, а заедно со Омид веќе направила неколку интервјуа со поранешната кралска двојка, а сега ќе бидат автори на книгата од 368 страници. Омид Скоби е еден од омилените новинари на Меган Маркл кој беше првиот што доби и објави детали за видео повикот направен од војводата и војвотката од Сасекс до кралицата Елизабета Втора по повод нејзиниот 94-ти роденден, што не и се допадна затоа што експлицитно ги замоли сите да ја чуваат целата комуникација приватна.

Детали за книгата се објавени на Амазон каде е веќе возможно да се регистрирате за купување на оваа книга.

„Кога излезе веста за романсата меѓу англискиот принц и американската актерка, таа го привлече вниманието на светот и на меѓународните медиуми. Но, како што војводата и војвотката од Сасекс продолжија да ги полнат колоните во весниците – од нивниот ангажман, свадба и раѓање на нивниот син Арчи, до нивните невидени одлуки да се повлечат од кралскиот живот – малкумина ја знаат вистинската приказна за Хари и Меган. За прв пат, „Потрага по слободата“ ги надминува насловните страни на медиумите за да открие непознати детали за животот заедно на Хари и Меган, расфрлајќи ги бројните гласини и заблуди што ги мачи брачниот пар на обете страни на големата бара. Како членови на избрана група на новинари кои го покриваат британското кралско семејство и нивната веридва, Омид Скоби и Керолин Дуранд беа сведоци на животот на младата двојка како што е можно за малку туѓинци. Уникатен пристап и напишан со учество на оние што се најблиски до парот , „Потрага по слобода“ е искрен, близок и разоружувачки портрет на самоуверен и влијателен пар кој не се плаши да раскрсти со традицијата, решена да создаде нов пат подалеку од вниманието на светот и се залага за градење на хуманитарно наследство што ќе донесе голема промена на светот“, се вели во описот на книгата на „Амазон“.

Заплетот на книгата требаше да ја следи нивната романса од самиот почеток, а исто така ќе донесе некои детали сè уште непознати за јавноста, како и нивната страна од приказната за „Мегзит“ – напуштање на кралското семејство. Затоа многумина се убедени дека на некои членови на кралското семејство воопшто не им се допаѓа нивниот јавен настап, особено на кралицата. Двајцата официјално се повлекоа од сите свои кралски должности од април годинава и со нивниот син се преселија во Америка и пред да се преселат, како што пишуваат британските медиуми, дадоа интервјуа со авторите на оваа книга.

Книгата е создадена со идеја да ја раскажат својата страна од приказната за нивната врска, но и нивната врска со семејството, и е направена пред повеќе од една година кога јавноста почувствува дека Меган не е најдобро прифатена во кралското семејство и не се придржува кон правилата. Оттогаш, принцот Хари веќе призна дека не е во најдобар однос со својот брат Вилијам, а парот повеќе пати излегуваше во јавноста со тврдења дека не се разбрани од семејството, ниту јавноста.

Кралското семејство е познато по тоа што се држи до приватноста и многу внимателно внимава што излегува во јавноста, а Меган и Хари видливо го сменија тоа додека тие сè уште беа дел од кралското семејство. Поради сето ова, кралското семејство не е среќно за објавата на оваа книга и тие се плашат од тоа што би можеле да каже парот.

Цената на книгата за нарачки е 27,99 долари, но се уште не е достапно за Македонија. Очекувањата за оваа книга се големи и светот е веќе убеден дека сме на оддалеченост од само три месеци од новиот светски бестселер.

Поврзани вести

Едноставни промени за рамен и убав стомак

Искористете го период во самоизолација за вежбање

Кристина Денесовска

Кралицата го молела својот внук да не се разведува

Кристина Денесовска

Кралицата Елизабета фотографирана веднаш по скандалот (ФОТО)

Елена Даскалова

Како се јаде лененото семе за да помогне во слабеењето?

Елена Даскалова

Кајли Џенер повеќе нема да ги испорачува нарачаните прозиводи поради коронавирусот