Кошарка МАГАЗИН СПОРТ

Коби Брајант и Пауло Коељо пишувале книга за деца: Нема што да се објави, изгубена е смислата… (фото)

Бразилскиот писател Пауло Коељо откри на Твитер дека пишувал книга заедно со Коби Брајант.

Но, тој сега ќе го избрише нацртот затоа што книгата ја изгуби својата смисла по смртта на кошаркарот.

Според АП Њуз:  „Го избришав нацртот затоа што немаше смисла да ја објавам без него“, изјавил Коелјо по телефон во понеделникот од неговиот дом во Женева. „Нема да додадам ништо релевантно за него или за неговото семејство.

„ Тоа не значи дека еден ден нема да пишувам за нештата кои ги научив од Коби и за тоа како тој беше човек поголем од животот… Сепак, книга за деца повеќе нема смисла“, уште еднаш нагласи тој.

Брајант беше обожавател на Коељо и омилена книга од него му беше „Алхемичарот“.

Познатиот бразилски писател, чиишто книги се продадени во десетици милиони примероци ширум светот, рече дека идејата за книгата била – како да се инспирираат децата од загрозени семејства, односно оние од пониските слоеви на општеството, низ спорт да се изборат за своето место во светот.

Поврзани вести

Диего Коста се сели во Милан?

Кралицата Елизабета била во контакт со заразен со коронавирусот

Кристина Денесовска

Како денес мажите ја замислуваат совршената жена?

Влатко Зорба

Јасикевичиус нов тренер на Барселона

Лични теми за кои е подобро да не разговарате со другите

user2

Мажите сакаат жените да заработуваат пари, но не повеќе од нив!

Stefanija Kuzmanovska