Забава МАГАЗИН

Кои хороскопски знаци го обожаваат Денот на вљубените, а кои не можат да го поднесат?

Според астролозите, одредени хороскопски знаци уживаат во Денот на вљубените и со задоволство го прославуваат, додека пак другите не можат да го поднесат.

Овие знаци го мразат Св. Валентин со целото срце:

Јарец – иако се романтични, многу ги нервира вештачката еуфорија и претерувањето со скапи подароци.

Водолија – овој ден е сè што Водолиите мразат во врските, љубовта и подарувањето непотребни рози, играчки и персонализирани вина.

Овен – нив не им треба оваа парада од празник за да покажат како се чувствуваат, а повеќе би сакале да пијат мирно кафе со саканата личнсот, отколку да одат на скапи вечери.

Стрелец – за нив е повеќе од јасно дека не го сакаат Денот на вљубените, но на сметка на тоа во остатокот од годината нивниот партнер се чувствува како секој ден да е Св. Валентин.

Од друга страна, ова се најголемите обожаватели на овој празник:

Бик – ако сте во врска со Бик, очекувајте дека Св. Валентин ќе биде вашиот најстраствен и најромантичен ден во годината, бидејќи за саканата личност се подготвени да направат сè.

Рак – тие не се најјасни во искажувањето чувства, но сами пред себе точно знаат што чувствуваат, па овој ден ги исполнува со неверојатно романтично расположение.

Лав – не е воопшто чудно што ги привлекува празник во кој материјално можат да покажат љубов кон партнерот, а сето тоа ќе го направат на уникатен и специфичен начин, кој партнерот нема да го заборави никогаш.

Поврзани вести

Што најмногу го нервира секој хороскопски знак?

Елена Даскалова

Во квизот никој не го позна Том Хенкс, погледнете ја неговта реакција

Детето на Илон Маск само ќе одлучи за својот пол

Кристина Денесовска

Ќерката на популарниот актер ја сподели својата тешка животна приказна

user2

Предрасудите за секој хороскопски знак

Дуа Липа со една фотографија на Инстаграм ги разбесни Србите

Кристина Денесовска