СТАНДАРД life
Секс и врски

Кој период од денот е најдобар за секс?

Иако е тешко да се каже кога е најдобро време од денот за водење љубов, бидејќи тоа е индивидуална работа, постојат одредени предности на уживање во страстите наутро, попладне и навечер.

По утрото денот се познава, па да почнеме со многу придобивки од утринскиот секс. Придобивките се многу, од лесни утрински вежби до започнување на денот со хормони на среќа и добро расположение, пишува Mind Body Green.

„Нивото на тестостерон е природно највисоко во телото на мажот наутро, и токму затоа мажите имаат утринска ерекција. За оние кои рано се будат, сексот е одличен начин да се започне денот“, вели сексуалниот терапевт Тами Нелсон.

Утринскиот секс може да биде уште попријатен затоа што телото е опуштено по непроспиена ноќ, смета сексуалната тренерка Џиџи Енгл.

„Долниот дел од карлицата не е стеснет од стрес, а пулсот е помал, што може да помогне да се опуштите и да се чувствувате позадоволни. Иако, ова не е случај со сите луѓе, но вреди да се проба“, вели таа.

Таа истакна дека утринското уживање во страстите има и негативни страни.

„Веднаш по будењето, вашите синапси сè уште не работат со полна пареа и телото е сè уште во мирување, па чувството на задоволство не е како кога сте целосно будни. Вашите нервни завршетоци сè уште спијат“, објасни таа.

И попладневниот секс има свои предности. За луѓето кои не се утрински птици, самата помисла за утрински секс може да биде одбивна.

„Многу луѓе сакаат да станат, да се истушираат и да ги мијат забите пред секс. За други, утринскиот секс би предизвикал уште поголем замор и помалку чувство на живост“, вели терапевтот Нелсон.

Од друга страна, уживањето во страсни прегратки навечер е убава мисла за многумина, но тие немаат доволно енергија за тоа после напорниот ден. И тука доаѓаме до попладневниот секс, што е точно на средина. Човекот успева да се разбуди доволно за да ужива, а од друга страна сè уште не успеал да се измори од бројните обврски.

Вечерниот секс е омилен кај многумина затоа што заспиваат фино презаситени од хормоните на среќата.

„Оргазмите се билет во еден правец за спиење. После неверојатен секс и оргазам, вашиот мозок ослободува коктел од хормони кои прават да се чувствувате добро, како серотонин и окситоцин“, вели сексуалниот тренер Енгл.

Окситоцинот ја зајакнува љубовта и врската помеѓу партнерите, а ослободувањето на овој хормон пред спиење создава позитивни чувства кон партнерот.

Поврзани вести

4 типови на жени кои најбрзо се согласуваат на секс

Urednik

Во расправија со партнерот не ги употребувајте овие два збора – еве зошто!

Urednik

5 изговори кои жените ги користат за да избегнат секс со партнерот

Radmila Tasevska