Здравје и Храна МАГАЗИН

Која е болеста на неконтролирано смеење од која страда Џокерот?

Филмот „Џокер“ е глобален феномен, а откако се смири воодушевувањето од глумата на Феникс и целокупната кинематографија, време е да се разговара и за основниот проблем на самиот лик – неконтролираното смеење.

Артур Флек најпрво ни изгледа како нервозен, исплашен, несигурен лик, кој ги освојува симпатиите со својата наивност и невиност во погледот. Но, во даден момент почнува да се смее, а не може да го контролира тоа.

ВНИМАНИЕ, СПОЈЛЕРИ ЗА ФИЛМОТ!

Доколку веќе го имате гледано, можете да продолжите да читате.

Една вечер, откако тројца млади и разгалени момци напаѓаат жена, тој се обидува да ја одбрани, но повторно има напад на смеење. Тоа како да им дава дозвола да го малтретираат и него, но тој решава да преземе драстичен чекор – го вади пиштолот и ги убива сите.

Шпанскиот невролог и координатор за епилепсија, Франсиско Хавиер Лопез, за Би-би-си вели дека нападите на смеење се симптом на ретката геластична епилепсија (грчки: gelastikos, γελαστικός – смеа). Неконтролираното смеење е редок облик на епилептичен напад, кој се појавува во непријатни ситуации, кога повеќе од сигурно е дека пациентот не е среќен, но не може да се соземе од смеење.

Нарушувањето најчесто настанува во хипоталамусот, место во мозокот каде се управува со емоциите. Некогаш смеењето предизвикува дополнителен стрес, што може да премине во реален епилептичен напад. Пациентите често се свесни дека смеењето не е соодветно во одредени ситуации, но повеќе од сигурно е дека треба да се користат лекови за да се контролира ситуацијата. Според Лопез, овие пациенти се склони кон рана деменција.

Но, Лопез е дециден дека во својата кариера нема сретнато случај во кој геластичната епилепсија е причина некој пациент да манифестира каков и да е облик на насилство. Но, од друга страна, неконтролираното смеење може да биде предизвикано и од емоционална нестабилност, која пак е последица на реални емотивни стресови на личноста. Во овој случај епизодите на неконтролирано смеење се краткотрајни и минливи.

Кај повозрасните пациенти може да постои и појавата позната како псевдобулбарен ефект, односно емоционална инконтиненција, што кај Џокерот не е случај, бидејќи се работи за млада личност.

Поврзани вести

Пинк ја исече косата: Еве зошто го направи тоа (ФОТО)

Елена Даскалова

Со овие четири чекори ќе ја сопрете неконтролираната желба за слатки

Хоакин Феникс и Мартин Шин уапсени за време на протест за климата

Влатко Зорба

Природни начини за намалување на подочниците

Ништо не е како порано: Италијанците мораа да го прилагодат сладоледот на пандемијата

Меган и Хари нема да го носат Арчи на последните кралски должности