МАГАЗИН

Колку секс е доволно? Експерти го кажаа своето мислење

Истражување спроведено од Универзитетот во Торонто открива дека постои поврзаност помеѓу сексот, барем еднаш неделно, и количината на среќа.

Доколку во моментов сте во врска, природно е да се запрашате колку често другите парови имаат секс. Она што е корисно да се знае е дека не постои стандард за тоа колку често имате секс. Сексологот Џес О’Рејли вели дека премалку или премногу секс варира од личност до личност.

Покрај тоа, кога сте опкружени со секојдневен стрес, сосема е нормално и да не сте расположени за секс, но и ако сакате да го подобрите сексуалниот живот, нема ништо лошо во тоа. Всушност, голема е веројатноста дека ако имате повеќе секс во врска, ќе бидете позадоволни и посреќни во неа.

„Се чини дека сексот еднаш неделно е доволен за да се одржи врската и да се зголеми среќата во истата. Но, ако сакате повеќе секс, треба да зборувате за тоа со партнерот”, додава О’Рејли.

Податоците од истражувачкиот тим велат дека луѓето на возраст од 29 години имале секс околу 112 пати годишно, што е приближно двапати неделно. Двојките на возраст меѓу 30 и 39 години признаваат дека имаат секс 86 пати годишно. Луѓето на возраст над 45 години имаат секс еднаш неделно.

„Некои луѓе имаат среќни врски и немаат секс. Постојат луѓе кои имаат помалку желба и тоа е сосема нормално“, вели таа.

Важно е да се знае дека сексот ја ублажува напнатоста во врската. Колку почесто имате секс и колку сте поотворени едни спрема други, толку е поголема веројатноста полесно да комуницирате со партнерот за вашите сексуални фантазии и желби.

Меѓутоа, само затоа што не водите љубов секоја вечер, не значи дека не сте среќни.

„Не чекајте да се совпаднат вашите расположенија, едноставно прашајте го вашиот партнер што сака“, рече О’Рејли.

Поврзани вести

Како вистински изгледа Џенифер Лопез без фотошоп? (фото)

Никола Поповски

Како да му ја вратите свежината на стариот леб

user2

Сите здравствени бенефити од ориганото

Елена Даскалова

Бред Пит тврди дека Анџелина не се однесува рационално

Stefanija Kuzmanovska

Најинтригантниот хороскопски знак: Делува ладно, но …

Влатко Зорба

Меган заминала во Канада без принцот и синот?

Елена Даскалова