МАГАЗИН

Коронавирус и работа: На кои сè начини Ковид-19 се шири низ канцелариите

Милиони луѓе ширум светот ги напуштија канцелариите откако владите им наложија на вработените да работат од дома. Забраната за работа во централизираните канцеларии не е само мерка на претпазливост – канцелариите отсекогаш биле и сè уште се ударни места за ширење на вируси и бактерии, пишува Би-би-си.

Истражувачите покажаа дека грипот, бацилите, вирусите и бактериите лесно се шират во канцеларискиот простор.

Криси Хјуит, директорка на институционални истражувања и стратешки иницијативи на Школата за наука и математика во Северната Каролина, ги истражи различностите и распространетоста на микробите во канцелариите.

„Луѓето поминуваат голем дел од нивниот секојдневен живот во канцеларија каде заедничкиот простор и високата интеракција со заедничките површини ја зголемуваат количината на микроби на површините и во воздухот“, вели таа.

Со други зборови, многу од областите кои често се допираат во вашата канцеларија можат да бидат вектори за ширење на вирусот. И колку повеќе колеги ги допираат, толку е поголем ризикот од контаминација.

Џонатан Секстон, истражувач од Колеџот за јавно здравје на Универзитетот во Аризона, открил дека места како фрижидери, рачки за фиоки, славини на мијалник, кваки на врати и садови за кафе обично содржат најголема концентрација на бацили. Тие патуваат брзо, според студијата на Американското здружение за микробиологија.

Лошата хигиена на лицата кои работат во канцелариите исто така може да ја влоши оваа ситуација.

Вирусот во воздухот

Валканите раце и маси се едно, но најголемиот ризик од ширење на вирусот е она што патува преку воздухот.

„Најголемата опасност не доаѓа од канцеларискиот простор туку од болните луѓе. Ако едно лице е болно, тој или таа може да ги рашири бацилите со кашлање и кивање, допирање на површините и близок контакт со другите. Дури и ако се држи само до својата работната површина, бацилите можат да се рашират преку летачките капки кои паѓаат на која било површина, предизвикувајќи контаминација“, вели д-р Али Кан, епидемиолог и професор на Колеџот за јавно здравје на Универзитетот во Небраска.

Кружењето на воздухот во канцеларијата исто така може да придонесе за ширење на вирусот. Хјуит вели дека во затворено опкружување, бактериите кружат низ воздухот и во системите за вентилација.

Поврзани вести

Како знак на благодарност: Сценаристот на „Основен инстинкт“ признал дека имал секс со Шерон Стоун

Најубавите венчаници на познатите

Кристина Денесовска

Изложени ли се нашите миленичиња на ризик од коронавирус?

Елена Даскалова

Тоа не е мачка: Спасила напуштено животно кое воопшто не е тоа што мислела

user2

Бен Афлек го ризикувал животот за Мет Дејмон кога биле деца

Обожавател ја тужи Мадона поради доцнење на концерт

Елена Даскалова