Забава МАГАЗИН

Коронавирусот ја принуди Карлеуша да ги откаже настапите

Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша (41) реши да ги откаже закажаните настапи заради зголемениот број заразени од коронавирус.

Карлеуша истакна дека и покрај ситуацијата, интересот бил голем, и дека ги распродала концертите, но заради здравјето на нејзината публика и самата таа, сепак ги одложува на неодредено време.

Пејачката ги извести своите следбеници за нејзината одлука преку Инстаграм, а нема сомнение дека нејзините обожаватели сепак им е жал, затоа што се радуваа на средбата со пејачката.

– Драги мои, и покрај огромниот интерес и распродадените концерти, решив дека сепак е најдобро за мојата публика и за мене да ги одложам сите закажани датуми до моментот кога сите можеме безбедно да уживаме во моите песни и најдобрата журка – напиша Јелена.

Пејачката додаде дека се надева дека ситуацијата со короната ќе биде побезбедна наскоро и дека тогаш ќе ги одржи одложени настапи.

За потсетување Јелена ги урна социјалните мрежи со фотографија во која беше целосно гола во базенот, а сите гледаат само во еден детаљ на пејачката.

Поврзани вести

Селма Хаек на удар на критики поради изгледот на Златните глобуси

Сите на протестите гледале во неа: Фиби Прајс излегла на улица со гол задник (ФОТО)

Ако целиот живот вака јадете пченка, тогаш сте погрешиле: Еве како е правилно (видео)

Никола Поповски

Пејачката Северина помина скоро два часа во во полициска станица во Загреб

Емили Ратајковски исрено за најлошата година од својот живот и научените лекции

Памела Андерсон се омажи по петти пат